Купувањето на Твитер во 2022 година беше грд и мачен процес, кој се оддолжи на шест месеци поради тужба од вработените. Маск во еден момент дури и се повлече од договорот, но суд од Делавер пресуди дека мора да го истера процесот. На крајот мораше да плати „неверојатни“ 44 милијарди долари, што беше оценето како премногу за задолжената платформа.
Судскиот процес поттикна многумина инвеститори да се откажат, но некои му изразија безрезервна доверба на Маск. Од трансакцијата од 44 милијарди долари, околу 10 милијарди долари дојдоа во форма на акции од надворешни инвеститори. Меѓу нив беа саудискиот принц Алвалид бин Талал, Лари Елисон, Андресен Хоровиц, добротворната фондација на Бил Акман, Шон „Диди“ Комбс и основачот на Твитер - Џек Дорси.

Првите потези на Маск како сопственик не оставија впечаток дека довербата била оправдана. Тој отпушти речиси една половина од вработените и мораше да се справи со сервисирање на долгот од околу 13 милијарди долари. Дури и две и пол години подоцна беше во застој порастот на бројот на корисници на платформата - веќе со новото име Х, а немаше екстра приходи од рекламирање.
Сепак, добивките за најтрпеливите инвеститори во Твитер не дојдоа затоа што бизнисот ненадејно станал профитабилен, туку од серија трансакции, кои на акционерите им донесоа удели во многу повредни компании на чие чело е Маск.
Архивите со податоци на Твитер помогнаа за обука на четботот Grok на стартапот за вештачка интелигенција xAI и тој подоцна беше интегриран во X. Во март 2025 година, Маск официјално ги спои двата бизниси во компанија во кој вредноста на xAI беше 80 милијарди долари, а на X беше 44 милијарди, вклучувајќи го и долгот - приближно колку што инвеститорите првично платија, без никакви загуби.

Потоа, во февруари, тој бизнис беше споен со SpaceX, една од ретките компании во светот што е попривлечна за инвестиции отколку развојот на вештачка интелигенција.
SpaceX сега поднесе барање за котирање на берзите, што би можело да се случи во јуни. Се проценува дека почетна вредност ќе надмине 2.000 милијарди долари, со што би била една од највредните компании во светот воопшто.
Акционерите на X поседуваат приближно 5% од акциите на новиот гигант. Тоа значи дека раните акционери во просек двојно ќе ги зголемат своите вложувања во Твитер.
Уделот на саудискиот принц Алвалид пренесен во SpaceX сега е проценет на над 4 милијарди долари - седум пати повеќе од неговата инвестиција во Твитер.
