Фаќање сеир на оние кои избегаа од Трамп

Илјадници Американци кои страдаат од „синдромот на пореметување поради Трамп“ (Trump Derangement Syndrome) последниве години побегнаа во Европа, очекувајќи да го најдат рајот на демократскиот социјализам. Wired реши да провери како минале тие луѓе и резултатите се радосно сеирџиски за оние кои останале. 

Магазинот проверувал обични луѓе кои ја напуштиле Америка заради Трамп, не оние филмски и музички ѕвезди кои гласно се колнеа дека трајно ќе емигрираат ако Трамп добие втор мандат а потоа папараци  ги сликаа како пазарат органски краставици во Whole Foods.

Една од тие е „Ени“, која на новинарите од стариот крај им се пожалила на „големите заблуди во врска со пристапот до квалитетна здравствена заштита“ во Британија, за на крај да признае дека „квалитетот на живот е значително понизок отколку во САД“.

Како и многу други како неа, Ени ја истражувала својата нова дестинација на Редит, ТикТок и Инстаграм, надевајќи се на подобар живот. Некои барале „авантура“, додека други се надевале на „побавен“ животен стил, далеку од американското исцрпувачко темпо но сето тоа било само дополнителен плус за главниот мотив, бегството од Трамп и неговата Америка.

„Се чини дека некои од нашите пријатели со левичарски ставови, во целата таа паника навистина поверуваа дека Трамп ќе ги собере сите и ќе ги испрати на принудна работа во подземните рудници за долна облека на Меланија“, пишува Стефан Грин.

Еден друг иселеник признал дека дури откако стигнал во Германија и добил одредена дистанца од ситуацијата во САД, сфатил дека „можеби претерал со реакцијата“.

Добар дел од нив биле непријатно изненадени од честото анти-американско расположение на своите нови сограѓани. Оние како Ени кои избегале од САД и се сместиле во Велика Британија дополнително биле шокирани што луѓето знаат да ги исмеваат заради американските навики и акцент. 

Толку за оние кои животни одлуки носат врз основа на Редит, ТикТок и Инстаграм.

 

26 октомври 2026 - 14:39