Видео

Пацерот и државникот

Ако на едниот крај е Бах а на другиот Десингерица, во стилот на политичко владеење, на краевите се Ши Џинпин и Доналд Трамп. Едниот игра шах, другиот е е егоцентричен покераш кому сите му ги гледаат картите ама тој верува дека подобро блефира од другите. Едниот владее тивко и со дисциплина. Другиот со галама и импровизација.

Сонот на секој аздисан балкански политичар

Рампал Џи Махараџ 18 години работел како инженер во државниот оддел за иригација, додека не му текнало да проба поинаку. Се прогласи за потомок на Кабир (мистик и поет од 15 век), луѓе му поверуваа и им стана гуру. Денес патува во климатизирана стаклена просторија, чат-пат ќе ги извади нозете надвор, за да можат овие слепциве да му ги допрат или целиваат. 

Вистинскиот газда на Фаличниот пансион

Популарната хумористична серија со монтипајтоновецот Џон Клиз како главен лик и газда на пансионот е инспирирана од вистински хотел и вистински газда кој имал таков табиет. Познавачите на скопската кафанска сцена, тој профил не може а да не ги асоцира на уникатниот и неповторлив Васе Амзо, легендата на Сарај (денес во Ѓорче).

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Старост лудост

Доналд Трамп има 80 години. Неговото богатство тежи преку шест милијарди долари. Претседател е на Соединетите Американски Држави. Командант е на најголемата армија на светот и има извршни команди за употреба на нејзиното нуклеарно оружје. Како таков, излезе на прес конференција за да се пофали дека станал број 1 на ТикТок. На Тик факинг Ток! И дека Тејлор Свифт е далеку зад него. Живееме во Зоната на самракот. 

Јутјуб го скина Кустурица

Без објаснување зошто, само со сувопарното „ги прекршил условите за користење,“ Јутјуб го избриша каналот „Мој Живот“ на режисерот Емир Кустирица. Го работеше 4 години, имаше 243 видеа и 10 милиони прегледи. Со еден потег сето тоа го снема. „Тие не сакаат некој да не биде во хорот кој ќе ја пее пeсната во која алгоритмите само го одразуваат она што гадовите на врвот го сакаат,“ вика Кустурица. 

Корејско куќа-посо

Сите ние сме „кутрите мали хрчки,“ заглавени во секојдневното верглање кое и се забрзува колку повеќе сакаш да излезеш од лентата. Еден Кореец документирал една година од својот живот со помош на регистрирањето на неговите движења на мапите на Гугл. Хрчак. Чат-пат ќе скршне од вообичаената рута, ама и тоа е по некоја работа. Туга.

Кинески робот може побрзо и од Болт

Роботот „Супермен“ на кинеската компанија Унитрее го нема срушено рекордот на Усеин Болпт на 100 метри како што може да се прочита наоколу, но, сериозно му диши во врат. Во една метрика е и подобар: најголемата брзина му е 12.66 метри во секунда, побрзо од најбрзиот момент на Болт (12.42 м/с) кога го постигнуваше рекордот. Болт веќе не може побрзо, за разлика од Супермен кој уште не го истрчал своето. Само уште да поработи на кочењето.

Режисерските упатства на Фелини

Кога стигнал во Рим за да го глуми ликот на Тоби Дебит во хоророт „Духовите на мртвите“ на Федерико Фелини, на британскиот актер Теренс Стамп му биле потребни насоки од режисерот, побарал тој да му долови во каква состојба се наоѓа ликот кој треба да го глуми. Маестро Фелини му го доловил тоа описно, да поописно не може да биде.   

Не мора да им верувате, доволно е да не верувате во ништо

Обичната тиранија бара само послушност. Што сакаш мисли си во себе, само да не таласаш. Тоталитарната, пак, го сака и она што е внатре во вас. Идеалниот субјект за ваков режим не е фанатикот и оној што е длабоко убеден туку оној кој веќе не знае да прави разлика меѓу лагата и вистината. Оној кој повеќе му верува на она што му е кажано отколку на своите очи. 

Пренасочување на либидото

Младите жени почнаа да се однесуваат кон идеологиите онака како што еволуцијата ги наштима да се однесуваат кон бебињата. Климатски промени, социјална правда, која и да е „каузата на месецот“- се бранат со жестокост на мајка-мечка. Истата неврохемија што некогаш го штитеше малото дете од предатори, сега ја штити апстрактната идеја од погрешно размислување.

За коцкарскиот механизам зад токсичните емотивни врски

Луѓето кои се заглавени во топло-ладно врски не чекаат љубов, тие го чекаат оној комарџиски џек-пот, оној еден ден кога лицето кое го сакаат ќе биде добро со нив, кога се брише сето она што до тој ден се трпело. Нивниот мозок не е вљубен туку се баждари на тој допамински фикс и станува хемиски зависен од неизвесноста. „Тогаш ние не сме во врска, ние сме во коцкарница“, вели психологот Барбра Удовичиќ.  

Асфалт за по дома

Локални индиски власти решиле да асфалтираат земјен пат кој минува низ едно село но нивниот проект не додржал ни ден. Уште кога асфалтот бил топол (тогаш најлесно се вади), локалци фатиле да го гребат и да го носат по дома, кој за по двор, кој за да им продаде на помрзливите комшии. Од утре пак ќе се траскаат по истите румби -тумби и животот повторно ќе биде нормален. 

Кутрите хонорари на Вудсток

Пошто веќе не продаваат носачи на звук како некогаш, хонорарите за живите настапи се качени до небо. Џастин Бибер за два дена на Коачела 2026 земал 10 милиони долари (Бијонсе во 2018-та за еден ден - 8 милиони) а хедлајнери како Сабрина Карпентер или Керол Џи лапаат меѓу 5 и 8 милиони долари. А сега назад во 1969-та: Џо Кокер свирел за помалку од наш свадбарски бенд а за хонорарот на Сантана, Теа Таировиќ од кревет не би станала. 

Средба со балванот

Иако САД е супер сила и глобален хегемон а Панама мала земја со 4,5 милиони луѓе, на Доналд Трамп му било битно од неговиот амбасадор во таа земја да дознае „Што ние добиваме од Панама?“ Кога човекот му го објаснил значењето на Панамскиот канал , во сето свое раскошно незнаење Трамп се зачудил и рекол: Види богати! 

Песната на Битлси против високите даноци

Во 1960-тите, под владата на британските Лабуристи, прогресивниот данок за богати луѓе (вклучувајќи и музичари како Битлси) стигнувал и до 95 %. Ретко кој од отраканите бизнисмени плаќал толку (бидејќи наоѓале дупки) но на Битлси им стигнува порака од даночна компанија дека двајца од нив се блиску до банкрот а и другите двајца не се многу далеку. Џорџ Харисон седнува и  ја пишува Taxman. 

Која е порепресивна држава: Русија или Британија?

Русија на Запад често се портретира како авторитарна држава во која не смее да се писне против Путин за да не те изеде мрак. Фактите портретираат поинаква слика: иако има двојно поголема популација од Велика Британија (143 милиони наспроти 70 милиони), заради критика на властите, во затвор заглавуваат три пати повеќе Британци отколку Руси. Патем, во Русија може да се гледа британска телевизија, обратно малку потешко.   

За дизајнираните вируси

Наклукале вештачка интелигенција со генетски кодови од 14.000 постоечки вируси и го пуштиле машинчето да си поигра со податоците. Резултат? Илјадници нови, дотогаш непостоечки генетски кодови. Научниците издвоиле 300, ги синтетизирале и 16 од нив се покажале целосно функционални. За среќа, во случајот се работи за корисни бактериофаги, ама, знаете кај оди работата.  

Не Трамп туку ЛСД може да ги сопре војните

Во 1964 година, британски морнарички командоси доброволно учествуваат во експеримент во кој им даваат ЛСД додека со полна воена опрема се на терен. Си немаат пројдено подобро во живот. Прво почнуваат да се кикотат, потоа стануваат неспособни да нишанат, на крај некои од нив завршуваат качени на дрвја за да хранат птици. Џоне Леноне, имеџин!

Дали го убиваме тоа што го убива ракот?

Од линковите ќе прочитате зошто најбогатиот лекар на светот, професор Патрик Сун-Шионг, има право да зборува за ракот. А во разговор со Мегин Кели фрли вистинска бомба: ракот не е болест туку симптом на колабиран имуно систем, кога апсолутниот број лимфоцити (англиски: ALC) ќе падне под 1.000 клетки/µL. А со децении, зрачења и хемиотерапии ги уништуваат токму оние клетки можат живот да спасат. 

Глувци и луѓе

Пишувавме за ова во „Kaко експерименти со глувчешки утопии довеле до мрачни предвидувања за иднината на човештвото“, овојпат подиректно за паралелите на експериментот со состојбата на модерното човештво денес. Ќе можете за момент да прекинете да скролате?

Наполеон ја имаше Бородинската битка. Трамп го има Хормуз

Проф. Џијанг објаснува како американската економија е џиновска пирамидална шема која зависи инвестициите на Заливските земји во американска технологија. Ако Иран го принуди Заливот да се откаже од петродоларот (за да има што да јаде), американската економија „ќе го јаде“. И за Џеф Кари (екс „Голдман Сакс“) предавањето на контролата врз Ормуз на Иран ќе е формален крај на САД како глобален хегемон и смрт на доларот како светска резервна валута.

Враќање во своето тело

На детска болница во Тексас во која се изведувале промени на пол кај деца, државата ѝ дала 90 дена да понуди програма за бесплатна здравствена грижа и де-транзитирање на оние кои ќе сакаат да се вратат „на старо“. Плус да плати милионска казна. Плус да ги отпушти сите пет доктори кои ги изведувале злосторничките третмани.

Како Трамп покажува дека е фин човек

„Со Шцајцарија имаме трговски дефицит од 39 милијарди долари. Јас можам тој американски долг да го поништам со еден потег на пенкало. Ние ќе заштедиме 40-тина милијарди долари а Швајцарија, од елитна земја, ќе стане проблематична земја. За среќа, јас сум фин човек.“