Видео

Бабарогата наречена холестерол

Пред 40 години, холестерол од 7,8 mmol/L беше сосема нормално ниво. „Нормално е и денес“, вели контроверзната нутриционистка Барбата О' Нил, „само што денес алармот се пали веќе на 4,9“. Секогаш кога ќе се намали прагот, милиони нови луѓе добиваат статини за намалување на холестеролот. Дали е тоа здравствена или профитна стратегија?

Мерилин Монро нацртана со рало

Користејќи трактор, рало, плуг, дрљача и слични тракторски аксесоари, италијанскиот уметник Дарио Гамбарин, сопствена скица од портрет на филмската дива успеал да преслика на огромна нива. Притоа, воопшто не користел ГПС технологија. Значи, има работа, на кој му се ора.

Најодвратното залче на Тони Бордејн

Човекот кој јадеше анус од вепар и очи од фока, се згрози од исландското национално јадење „Hákarl“, што е ферментирана ајкула. Нејзиното свежо месо е отровно за луѓе, за да може да се јаде, се закопува во песок од 6 до 12 недели и потоа се суши. Според свеждерот Бордејн, чувството и вусот не го пере ни пиво ни ракија.

Заблуде сам ево престао да бројим

ХИВ вирусот не е настанат во 1980-тите како што уште веруваме туку многу порано, кога во Киншаса има прејдено од шимпанза на луѓе. Тоа се има случено во четири наврати но само една група се раширува во пандемија. Дури и фамозната приказна за „Пациентот НУЛА“е резултат на грешка во пишување, кога буквата „О“ се напишала како бројка.

Алармот за климатските промени е сè потивок

Климата паѓа сè подолу во листата на приоритетни предизвици за луѓето и нивните животи. Зошто? Затоа што секое апокалиптично предвидување се покажа погрешно. Ал Гор во 2008-ма нè стресе дека имаме само уште 10 години. Кралот Чарлс во 2019-та кажа дека имаме само уште 18 месеци пред да биде предоцна. 78 такви утки имаше.

Боинг, за некого мајка, за некого маќеа

Вработените во Боинг добиле еден процент зголемување на платите за цели осум години. Од друга страна, извршниот директор на компанијата, за само една година, си ја зголемил платата за 45 проценти. Човекот има годишна плата од 33 милиони долари! Жива греота.

Џамироквај, втора мајка

По повод 30 годишнината од песната Virtual Insanity, Џамироквај го ре-креираше легендарниот спот, со помош на режисерската двојка Џулиен и Квентин. Ништо вештачка интелигенција и компјутерски керефеки туку правење девет вистински, физички соби. За разлика од оригиналот каде што се движеа ѕидовите, овде се движи подот. 

Ѕиркање во ликот

Марлон Брандо не единствениот актер кој имал проблеми да ги запамти своите реплики. Некогаш и затоа што се сметаат за преголеми ѕвезди за да памтат текст па им ги запишуваат репликите некаде вон кадарот на камерата. Само што Брандо од тоа го има создадено оној негов фамозен потег со главата кој забавно го опишува Ричард Харис.  

Хорор другарство

Две другарки, едната од нив решила да се фрли со падобран од авион. Проблем е што во последните моменти малку се пишмани од идејата. Тоа не е никаков проблем за другарка ѝ, конта, треба само да ја подбутне. Само што заборава дека самата нема падобран. 

Кога политичар ќе види дека сите користат ЧетГПТ

Бил Оливер е ветеран на кандската политичка сцена но сака да држи чекор со времето. Ама, си ги пушти нозете малку подолго отколку што му е ВИ чергичето па не само што прочита говор кој му го напишала вештачка интелигенција туку топтан го прочита и промптот. За да нема сомневање дека оригиналната мисла во неговата глава одамна е исчезната. 

Марко Рубио против иранските ЛЕГО тролања

Иранците умешно користат нешто што ѝ е познато на западната публика за да се спрдаат со Американците и нивната војна. Очигледно ги допрела пораката па и Марко Рубио ги спомна нивните видевца со Лего теми. Овие му направија ново видео.

Убава идеја, за жал неупотреблива

Некои згради во Скопје имаа предвидено можност да фрлаш ѓубре од дома, преку метален канал во лоџија, кој го спроведуваше ѓубрето до подрум. Не траеше тоа долго. До првиот идиот кој ќе го затнеше каналот пробувајќи да избутка стара табуретка низ него. Така би завршило и ова, кога некој билмез од трети спрат ќе реши да ги завари шипките.

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Реконструиран е изгубениот гол на Пеле

Во соработка со историчари кои собрале речиси 2.000 историски записи и над 3.600 архивски фотографии, анализале стадионски нацрти и исечоци од весници со дијаграми од случувањата, Гугл со помош на вештачка интелигенција конструирал снимка од митскиот гол на Пеле од 1959 година, меѓу Сантос и Јувентус. Топката префрлува тројца играчи и голман без да допре земја. На стадионот немало камери па останале само сведоштва и легенди. 

Израел е поважен од ветераните

Во САД постојат околу 3.000 округа. Ако се земе вкупната американска помош за Израел од 3,3 милијарди долари, испаѓа дека секој округ за тоа издвојува околу милион долари. Државата дава повеќе пари за Израел отколку за помош на американските бездомни ветерани. „Треба да го ставиме Израел на диета,“ порачува републиканскиот конгресмен Томас Маси од Кентаки. 

Навремен совет за влегување во брак

Прашање до возрасен човек кој ја изгубил саканата жена, каков совет би им дал на оние што мислат или планираат да се женат. „Ако ѝ го сакаш само телото а не и душата, немој да ја жениш. Затоа што тоа тело нема да трае“. Сакаме да го слушнете него и да го видите оној што го постави прашањето.  

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Носталгија по старата Америка

Стоунси го извадија својот 25-ти албум, Foreign Tongues. За некои тоа е најдобриот нивен албум со децении, нам повеќе ни се бендисуваше претходниот Hackney Diamonds, ама на новиот му должиме уште пар преслушувања. Една од песните е Ringing Hollow за која одма се извади муабет е дека против Трамп. Џегер и Ричардс дообјаснија: не е до Трамп, цела Америка денес е малку разочарувачка. 

Лов на воени регрути

Најновиот во серијата инциденти низ Украина кои ја покажуваат растечката фрустрација кај населението поради мобилизацијата во петтата година од војната со Русија се случи деновиве во Лвов. Единиците за регрутација пикирале маж роден 1996 година, баран заради нерегистрирање за воена служба. Но, акцијата не помина мазно. 

Марк Руте да имаше образ, ќе му зацрвенеше

Дански репортер го потсети шефот на Рада дека седеше како клен до Трамп кога овој зборуваше за освојување на Гренланд или ги омаловажуваше сојузниците како Шпанија. „Какво влијание има врз вашата самопочит кога во такви моменти само седите и не реагирате?“ А одговорот на Руте е до балчак: „Треба да му оддадеме признание на Трамп што го направи НАТО посилен.“

ФИФА, четири во едно

ФИФА на ова Светско има генијален начин да ја нахрани својата лакомост: истите рекламни места околу теренот ги наплаќа не по еднаш туку по четири пати! Симултано објавува четири реклами на еден ист монитор: тој има 240 фрема во секунда и покажува четири реклами по 60 фрема истовремено. Различните камери ги фаќаат само оние 60 фрема на кои се покажува рекламата која е платена кај нив.