Видео

Штрошите ли?

Една од најбесмилените методи на штедење преку - повеќе трошење. Така е и скован теминот, од зборовите штедење и трошење (што би се рекло согласно темата, добивате два во еден). Има различни варијации во вид на мали награди кои шприцаат допамин во мозокот за на крај да завршите со нешто не ви треба или количини од нешто што ви треба ама не во толкава количина.

Падна последниот машки бункер

Жртви на последната Инстаграм/Тикток заебанција се дечковци и мажи, фатени во една од најранливите ситуации за нивната машкост - кога серат. Им влегува нивната побезобразна половина со вклучен телефон, за на следачите да им го покаже нивниот тоалет. А таму, на тронот - тој, изваден од памет. После шокот дека оваа будалава го снима, следува залегнување, за да не влезе во кадар.  

Како да познаеш Американец на улица

Секоја култура има свој специфичен говор на телото и однесување по кое можеш да претпоставиш од каде допаѓа некој странец. Џона Мендез, долгогодишна шефица во ЦИА, споредувана со „Q“ од новелите на Јан Флеминг, во мемоарите истакнува еден интересен детал кој открива Американец. а не е да носи термос со вода или безбол капче наопаку. Се потпираат на што стигнат. Тежи целото тоа незнаење што го м'кнат со себе.

Трамп: Четири гола? Не видов јас четири гола

Хрватскиот коментатор го заврши преносот на утакмицата Белгија - САД (4:1) со зборовите „САД го завршуваат патот, Белгија победи и оди понатаму, но, да почекаме, можеби утре кога ќе се разбудиме, ќе има стигнато уште некој повик од Белата куќа....“ Го имаме и „повикот“, Трамп се распрашува за опцијата, ако ја окупираат Белгија, дали тоа ќе значи дека сепак тие победиле.

Претседателот без срам и перде

Да го слушаш Трамп како зборува за своите методи е точно она на што предупредува поговорката „Подобро да не знаеш како се прават кобасици и политика.“ Му дошле од Интел, имале проблем. Им рекол, „можам да го решам вашиот проблем, ама сакам десет проценти од компанијата“. Некои мислат дека тоа не е американски, Трамп тврди дека е тоа најамерикански што може. Веројатно е во право. 

Македонска компанија може да го рециклира Светско

По промената на спонзорствата или договорите за опрема, огромни неискористени залихи спортска опрема често завршуваат за уништување. Ројтерс направил фин прилог за македонска компанија која во сорабoтка со својот холандски партнер им дава втор живот на фрлените фудбалски дресови, торби, капи....

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Вашингтон не ја прекинува помошта за Израел туку ја крие

Трамп и Нетанјаху ја спукаа работата, односите меѓу Вашингтон и Тел Авив се на најниско ниво, но, дали се работи за вистински или за фингиран конфликт? За да се олабави од притисокот на јавноста (84% од Американците се за кратење на воената помош за Израел), дали длабоката држава решила да ги пикне односите со Израел под радарот на конгресниот мониторинг и да ги предаде во рацете на сивите зони на Пентагон?

Музиката може да боли како камшик

Иранската пејачка Парасто Ахмади и осум членови на нејзиниот музички тим деновиве биле осудени на 74 удари со камшик затоа што настапила без хиџаб на концерт пренесуван на Јутјуб. Тоа било против јавната пристојност и објавување „вулгарна и неморална содржина“. Плус две години не можат да излезат од Иран ниту да настапуваат во земјата. Мала поддршка за Парасто и сите кои се гњавени од задрти луѓе од сите вери и невери. 

Поразите не ги гледате на Инстаграм

Финалекција за сите оние кои се мамат и залажуваат по она што го гледаат на социјалните мрежи, верувајќи дека виделе формула чиј успех е неизбежен. Успехот не само што не е неизбежен туку е исклучок. A залажувањето не се случува само на мрежите. Многу луѓе мислат дека кафана кај нас не може да не успее, гледајќи како сите кафани наоколу се полни. Само што не ги гледаат оние стотици кои пропаднале. 

Тој мисли сите пијат нафта

9 март: „Сега сме целосно независни од Блискиот Исток. Не ни треба нивната нафта.“ 1 април: „Тоа навистина не нè засега. Имаме толку многу нафта. Имаме огромна нафта и гас, многу повеќе отколку што ни треба.“ 17 јуни: Ако не се согласев со Меморандумот за разбирање, „ќе ни снемаа резерви за околу 4 недели... навистина ќе ни снемаа, и ќе дојдеше време кога нема да можете да дојдеме до нафта.“

Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Европскиот парламент со овации против миграцијата

Со резултат 418-218 (30 воздржани), Европскиот парламент ја усвои „Регулативата за враќање“ со најстрогите правила за миграција во „градината“ последниве години. Ќе има побрзи депортации на одбиени за азил, оние што чекаат одговор ќе чекаат воне-ЕУ земји... Егзалтирани скандираа „Вратете ги назад!“ (Send them Back!). Кога на времето тие им доаѓаа дома како колонизатори, не се бунеа.

Прашање - автогол

Новинар (Питер Дуси): „Еден мудар човек, еднаш, во јануари 2020-та кажа: „Иран никогаш не добил војна, ама, никогаш не изгубил на преговори.“
Доналд Трамп: “Кој го има кажано тоа?“
Новинарот: “Доналд Трамп“.

Како мароканската одбрана го проголта нападот на Бразил

Спектакуларно е да се види како фудбалерите на Мароко се движат дефанзивно, главно во 4-2-4 формација. Ова не е случајно, ова е тренирано и вежбано. Како имунолошка Т клетка која се движи синхонизирано за да го неутрализира опасниот вирус кој го детектирала во својата околина. Маестрална тактичка дисциплина.

Џон Малкович: Слушам Хрватска била прекрасна

Пред месец и нешто, Џон Малкович доби хрватско државјанство на основа на своите предци (прабаба и прадедо) кои во 1913 година емигрирале во САД од Карловачката жупанија. Не требаше многу време за  дете страни да профитираат од потегот. Џон Малкович доби тезга а хрватската држава доби шармантен промо спот за својот туризам. Бонус за него: ја виде хрватската ЦИА и научи што е промаја.  

ВИ како лоботомија со месечна претплата

Како човештвото да не оглупуваше доволно брзо и онака, највидливо кај младите генерации со нивната алергичност на книги, читање и сè што не се скрола, се појави вештачката интелигенција за да го забрза процесот и да послужи како аутсорсинг за сопсттвениот мозок. А како и мускули што атрофираат кога не се користат, како кола што зарибува кога подолго време не се пали... 

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол...