Пошто веќе не продаваат носачи на звук како некогаш, хонорарите за живите настапи се качени до небо. Џастин Бибер за два дена на Коачела 2026 земал 10 милиони долари (Бијонсе во 2018-та за еден ден - 8 милиони) а хедлајнери како Сабрина Карпентер или Керол Џи лапаат меѓу 5 и 8 милиони долари. А сега назад во 1969-та: Џо Кокер свирел за помалку од наш свадбарски бенд а за хонорарот на Сантана, Теа Таировиќ од кревет не би станала.