Горан Баре е роден 1965 година во Винковци а бендот Мајке го има формирано во средината на 80-тите години па брзо станува едно од најпрепознатливите имиња на домашнииот андерграунд, потпирајќи се на гаражна сировост, рокенрол, блуз и панкерска енергија.
„Авторскиот свет на Барет никогаш не бил особено оддалечен од неговиот живот. Неговите песни честопати звучеа како директни извештаи од работ, без разубавувања и големи ветувања. Во нив немаше многу простор за оптимизмот што се подразбира, но имаше за оној вид искреност што ги тераше слушателите да ги препознаат како свои сопствени приказни“, пишува порталот Равно до дна.
Надвор од сцената беше живописен до небо. Кога беше ушикан, знаеше да се кара со новогодишна елка, да ги збунува оние што му прават интервју, мака да мачи да го најде зборот што му треба....
Ама кога требаше да се пее, срча. Еве го во живо, на една песна која не е негов домашен терен ама ја истера перфектно.
Одиме со три од нашите омилени:
Пред пет години го објавивме муабетот „На кауч со Горан Баре“ а во далечната 2012 година го имавме неговото фудбалско интервју Горан Баре Vs Ќиро Блажевиќ.
Ако има горе, Баре веќе е цимер со Шејн од Поугс.