Естепарио Сибериано (правото име му е Жорже Гаридо од Валенсија) веќе подолго време е феномен по светските интернет платформи со своите ритам и тапанарски техники со кои има инспирирано илјадници луѓе да се пробаат и тие. Барем двојно од тоа има обесхрабрено бидејќи Естепарио „не се стига.“ Животно, ѕвер, машина. И Мајк Портној од Dream Theater мисли исто.