За оваа изведба, двојката во Сараево ги доби највисоките оценки на сите времиња (дванаесет чисти 10-ки и шест 5,9).
Во чест на Торвил и Дин, во нивниот град Нотингем постои плоштад кој се вика Болеро.
Пред десет години, во 2014 година, Торвил и Дин се вратија во Сараево за уште еднаш да го изведат нивното Болеро, прославувајќи ја 30-годишнината од нивниот настап на Олимпијадата.
Овој февруари најавија дека догодина последен пат ќе лизгаат заедно на нивната британска турнеја од април до мај, по што сакаат да се пензионираат.