Економист на денот

За секој и секаков говор си постои прикладно меасто и време. Чекајте да ви го преведеме говорот кој ќе го слушнете: „Јас ја сакам приватната сопственост. Ако ја сакате својата држава, читајте го Лудвиг фон Мисес и шесте лекции на австриската економска школа! Мадафакери!“ Што мислите, каде и од кого е одржан овој говор? Од некој  економски нерд на некое предавање, семинар, интелектуална дебата?

Дами и господа, сослушајте го 35 годишниот Бразилец, Ренато Моицано (УФЦ), после победата со нокаут во втора рунда против Џелин Тарнер:

Видеото го ретвитна Џордан Питерсон, со порака:

„Каков свет! Сатиричари се христијани, левичари навиваат за Големата Фармација а смртоносни боксери станаа мудри економски филозофи“.

 

15 април 2024 - 13:50