Спорт

Момчето со форхендите

Форхендот важи за посилен и посигурен тениски удар отколку бехендот (фанови на Федерер да не рипаат одма). Момчево има 12 години и два форхенда затоа што e aмбидекстерен, состојба кај лица кои подеднакво ја развиваат и левата и десната хемисфера на мозокот па затоа подеднакво добро се служат со двете раце. Кај и да му ја пуштиш, нему му доаѓа на форхенд.

Ако денес немате на кого да му љубоморите, изволте

Дечкото се вика Кандид Товекс и професионално се занимава со скијање, ама не таму кај што има знаменца, патека и „оп оп оп оп“, туку само кај што има дивина: снег, карпи и дрвја.

Некој нека ми ги искрши забите

И да не знаете руски, ќе разберете дека на овој ММА борец (Шодмон Назокатов, Таџикистан) му е најпаметно да си ќути. Победата им ја посвети на родителите, сопругата, но и на девојката! Упс! После се врати да ја исправи грешката. Дупло Упс!

Чекајќи ја Северина

Две закуцавања кое на времето секој мораше да ги има во својот мобилен телефон. 1. Она на Винс Картер и 2. Она на Северина.

Навратилова за транс-жените: Не можете да имате сè

Мартина Навратилова има 18 Гренд слем титули, 8 пати освоен Вимблдон, позната е како ЛГБТ активист, имала и трансџендер тренер... Кај Пирс Морган јасно и гласно порачува дека не е фер кон жените во спортот да им се уфрлуваат биолошки мажи кои решиле да се произнесат како жени. Еднооставно, не е фер.  

Најголемиот бран некогаш јавнат од човек

На 37 годишниот професионален сурфер приликата му се погаѓа во португалски води во октомври 2020 година. Биле потребни 18 месеци тоа да биде верифицирано од група научници и експерти од Гинисовата книга на рекорди и признато како највисок бран по кој човек досега сурфал. 26 метри. 

Биологијата упорно не е политички коректна

Мешана штафета на атлетското првенство во Доха. Мешана по системот две машки, две женски, и секој бира по кој редослед ќе ги пушти. Полска, за разлика од сите други почнува со двајцата мажи, па за крај ги остава двете жени. Благодарејќи на ова, во последната измена влегува со 5 секунди предност.

Оди па земи му ја

(Зло)употреба на еден баг во фудбалските правила кои велат дека тој спорт се игра со нозе, топката може да ја допреш и со други делови на телото, само не со раце. Видиш, за дриблање противници додека топката ти е на врат, ништо не е кажано.

Маркус Едер - СКИ ЈА ЊЕ!

Скијањето не мора да значи да кмишиш во ред за ски лифт, не мора да значи ни само алиби за да се бапнеш на бачило. Скијањето некогаш подразбира да планираш преку две години, да снимаш 90 дена и да добиеш вакво десетминутно видео од кои паѓаат везови на вилица.

Одамна вака не сме се умориле

6:54 минути напнато дружење со Крис Шарма, на едно супер атрактивно место за пентарење по карпа. Тој се качува, нас прсти нè здоболуваат.

131 метар под морето

Притисок на гума на кола е околу 2,5 бари. На 130 метра под вода, притисокот  е 14 бари! Дотаму (131 метар) има стигнато Алексеј Молчанов, на „здив“, без боци, без ништо. Овој светски рекорд го постинува за вкупно време од 4:33 минути.

Второто полувреме кај скокови во вода

И трупови знаат дека фората е што помалку да испрскаш кога ќе се жбурнеш во водата. Но, тука не завршува приказната. Откако ќе се жбурнеш, имаш уште работа.

Олимписко тегнење за уши

Американските староседелци цели 60 години секое лето одржуваат свои Олимписки игри во Фербанкс, Аљаска. На Ескимско-Индијанските олимписки игри можат да се видат секакви дисциплини, од кои ја издвојуваме дисциплината „тегнење за уши.“ Треба и кај нас тоа. Чие уво испадне најјако за тегнење, станува Никола Димитров.

Оксана „Челик“ Чусовитина

Што прави денес на 46 години Узбекистанката Оксана Чусовитина? Истото што го правеше и во 1992 на 17 години, се натпреварува на Олимпијада во гимнастика. Чусовитина нема пропуштено ниту една Олимпијада од 1992-ра, и зависи од годината го носи дресот (трикото) на СССР, Германија или Узбекистан.

Најсилниот против најдобриот

Брајан Шо е една мрцина од човек, 2 метра со 180 до 200 кила тежина, кој е повеќекратен победник на Најсилниот човек на светот. Дастин Порие е еден од најдобрите борци во УФЦ и некогашен шампион во лесна категорија, и човекот од кого Мекгрегор си ја скрши ногата пред некое време. Двајцата прво ќе се пробаат во боречки вештини, па после во кревачки вештини.

И Пипен се разбуди, тоест оглупе

Скоти Пипен тврди дека Фил Џексон од расистички побуди наместо нему му дал шанса на Тони Кукоч да шутира во последните секунди на важната утакмица во плејофот против Никс во 1994 година. Онојпат кога Пипен одби да се врати на терен а Кукоч ја искористи шансата и закова тројка.  

Офсајд, како крикетот?

Далдисани по фудбал, ракомет и баскет, нашиве дечки од Офсајд некогаш пропуштаат исклучително интересни спортски видеа. На пример, доаѓањето на женската крикет репрезентација на Австралија.

Борењето е само преодна фаза кон боксот

Нејасно е зошто воопшто постои тоа борење кога во првата прилика кога сакаш стварно да потепаш некого, фаќаш со боксови. Особено ако едниот е од Ингушетија а другиот од Осетија. Глејте бе какви чукариња се. Среќа што овие не знаат да извадат пасош, инаку Мекрегор го јадел.

Сатоши Иши, го викаат Брејвхарт

Сатоши Иши е јапонски ММА борец (од лани има хрватско државјанство) кој има златен медал за џудо од Олимипијадата во Пекинг. Прекарот му е од драматичните моменти кога му вадат крв од прстето. 

Скок во вис со звук

Со звук? Од каде па сега скок во вис а со звук? Па, пуштете звук па ќе слушнете.

Убијците на џинови

Едниот е Фаф де Клерк, другиот е Челсин Колбе, и се професионални рагбисти. Имаат две заеднички работи, рагби репрезентацијата на Јужна Африка и тоа што се по метар и седумдесет во спорт каде добар дел од противничката постава се балвани над 190.

Баба со (грчко-римски) стил

Двобој на некои двајца локални борачи. Едниот доаѓа до позиција да биде туширан, но во последен момент влетува негов човек од публиката.

Последните секунди од рекордниот маратон на Елиуд Кипчоге

Во историски подвиг за човештвото Елиуд Кипчоге успеа за прв пат во историјата да истрча маратон за време под 2 часа. За да ви биде појасно, за да истрчаш маратон, 42 километри, под 2 часа, тоа значи дека треба еден километар да го трчаш за 2 минути и 51 секунда (и тоа после да го повториш уште 41 пат).

Холифилд за борбата со Тајсон

Одамна беше, сите знаат што се случи, двајцата веќе се смирени, но и тогаш и сега Холифилд е победникот во борбата (тогаш затоа што беше подобар, сега затоа што се нема изерзилено како што тоа знаат луѓе да го направат). Холифилд сега објаснува како дошло до борбата („секој пат кога некој ќе ми се налутеше по дома ми викаше ’едвај чекам да се бориш со Тајсон’“), како сакал инстатно да му врати на Тајсон за гризот и зошто му простил.