Спорт

Комшија Паспаљ

Ти го мислиш Паспаљ дреме на некоја плажа во Шпанија, индексира што сè поминува по песокот, стратешки позициониран на некој шанк, ама не, човекот има и попаметна работа. Паспаљ (кошаркарската легенда со сите свои светски злата, слава и пари) два месеца, сам самцат, те со косилка, те со мотика, те со ножици, го средува заедничкиот двор пред зграда, за себе и сите комшии. Става и кош, само сега нема кој да игра, или сите се старки или се многу мали. Александар Ѓорѓевиќ, Дејан Томашевиќ и српскиот кошаркарски сојуз го средуваат ова.

Најлошиот каратист што некогаш се родил

Кога доаѓаш на натпревар претпоставката е дека барем нешто од нешто имаш совладано. Ама не, ова нема ни држење, ни техника, ни знаење, ни волја малку од малку да напредува. Дебакл. Воопшто немало потреба ни да се појавува. Резил!

Ви се гледа баскет? Од 1939-та?

Ова маалски се вика „фрљотка“, ама тоа не им смета да го наполнат Медисон сквер гарден со 16.000 навивачи. Веројатно вака и ќе останеше американската кошарка да не дозволеа црнци да почнат да играат.

Директно од првите редови на глобалното затоплување

Велсање кајак е фино хоби за луѓе што сакаат вода и живеат покрај езеро (или која било друга вода), а ги мрзи да пливаат. Низ дивините на Аљаска ова хоби изгледа уште помагично... барем додека пред тебе не ти се распадне којзнае колку тонски глечер.

Серена вс. кауч тенисери

Неодамнешна анкета во Британија покажува дека 12% од британските мажјаци (веројатно истите се силат и дека „па јас од тука би дал гол“ во Премиер лига) се под впечаток дека можат да ѝ земат поен на Серена Вилијамс. Како што ќе забележиш од овие кутриве примероци кои успеале себе си доволно да се охрабрат за да излезат на терен против Серена, прво треба да и вратиш серва за да и земеш поен.

Најголемата вистина за интервјуата со спортисти после натпревар

Кога распрашуваш некого после 2 часа трчање немој да очекуваш дека човекот ќе има доволно кислород во мозок за да ти даде пулицеровски одговор што ќе се памти. Веројатно човекот само сака да собере душа.

На точак, на карамбол

Што може да појде на лошо ако 700 луѓе истовремено тргнат со точак по иста падина на француските Алпи во која се тргнува од 3.400 метри надморска височина а спустот трае 25 километри? Победник на трката „Пекол од планина“ е Килијан Брон и тоа е најмалку важната информација околу неа.

Една прерано завршена боксерска кариера

На Јутјуб Џими Смит се води како најлошиот боксер на сите времиња, и не се во право. Сепак главно разочарување е што овој обид од професионален боксер има само еден меч во својата карирера, а изледа како да може многу, многу повеќе да и понуди на публиката.

Колку разлика прават неколку децении кај пит-стопот

Додека низ децениите сè нешто наоѓаат да им скратат на Ф1 болидите за да ги направат побезбедни (поспори), пит-стопот изгледа како да е единствен сегмент во кој нешто се се забрзува. Денес ова изгледа како да не е човечки можно побрзо да се заврши работа. Веројатно исто им личело и на овие што менувале во 1981.

Орбитрек напусти куќу, време е за веслање дома

Се вика Хајдроу и е скапо, во класа некаде на премиум статични велосипеди (Пелотон и сл.). Скапо = 2.400 долари само машината. Ако уште ви е тука паметот, Хајдроу излегува во мај.

Човекот кој го пази човекот кој пази

Ако по ништо друго, американскиот фудбал е фасцинантен по тоа како во него е разработен секој детал. Ама баш секој детал.

0.062 милји под морето

Тоа на нашки е точно 101 метар. Дечкото зема (голтна) воздух неколку пати и со пераји тргна удолу, на длабочина на која поради притисокот, човечките бели дробови се собираат колку пепељара.

Спринтерскиот ритам на маратонецот

На учесниците на „Чикаго маратон 2018“, организаторите им поставија подвижна лента која се движи со ритамот на рекодно истрчаната маратонска должина на Елиуд Кипчоге. Самите да почувствуваат со кое темпо 33 годишниот Кениец трчаше цели два часа во Берлин. Неверојатно.е колку е тој различна машина од сите други човечки сусптества.

Тајна норвешка занимација на денот

Ти ги мислиш убиј боже досадни, они да ти биле нација на каскадери. Ви претставуваме натпревар во фрлање во базен на стомак, или како што локално го викаат „смртен скок“.

Логистика на Формула 1

Тоа што се случува во бекстејџ на Формула 1, за сите учесници во „циркусот“ да стигнат на време и да функционираат, е идентично фасцинантно како  науката и технолошките достигнувања на самите болиди. Пример како целиот екипаж, тони опрема, болиди и сè до последна ситница да стигне од Бахреин до Кина за помалку од една недела? Просто, пакувањето во Бахреин почнува пред воопшто да почне трката во Бахреин.

Многу е добро како Американците си го замислуваа фудбалот во 90-те

МЛС е најновата реинкарнација на американската прва фудбалска лига. Основана во 1993 (пред Мундијалот во САД), а првата сезона почнува во 1996. И одејќи по логиката дека они ќе го унапредат светскиот фудбал, во првата сезона решаваат да воведат сопствена верзија на пенал серијата.

Серкалона вс. Дијареал Мадрид

Дербито овој пат одиграно од тимови составени исклучиво од Норвежани, и тоа добро најадени Норвежани што после оброк дрмнаа по една чашка ултра-силен лаксатив.

Некогаш многу е тешко да браниш фудбалери или фудбалски тренери

Ние разбираме дека насилство нема што да бара во спорт, ама за првиот тренер би било добро да се потруди по дома да не му го дознаат клипов за колку толку да зачува достоинство.

Грција против Македонија: Нешто убаво

Снимката е од 2016 година и доаѓа од Мелбурн. За да го разберете овој наш наслов кој звучи неверојатно во денешниве прилики, доволно е да ги одгледате првите три минути. Интонирање на двете химни, проследено нормално, достоинствено и со почит. Кого го занима рагби, нека гледа сè.

Да се разбуди пингпонгарот во вас

Компилацијава најдобри пинг-понг потези од годинава е толку добра што сме на раб да почнеме да размислуваме да не случајно ни се игра. П.С. Кој да знае дека пинг-понг има вака возбудени коментари.

Приказната за еден олимписки медал

Германски кревач на тегови и ветува на својата сопруга дека ќе освои златен медал на Олимпијада. Сопругата загинува во сообраќајка една година пред Олимпијадата во Пекинг. За да го оствари ветувањето, во олимпиското финале тој треба да крене 10 килограми повеќе од сопствениот личен рекорд.

Аман, не помагајте

Немало и ќе нема посмешни ситуации од овие, кога доаѓаат луѓе за да ти помогнат, а ќе завршиш заринкан со фаца во нечиј задник.

Трка. На џамлии. Под вода

Прав спортски пациент озбилно ќе се загледа во ова, особено во драматичните фото-финиши. На прав спортски пациент ќе му простиме ако нè пцуе за спојлеров: победува порцеланка а нашиот фаворит, троперката, мораше да се задоволи со бронзен медал. 

50 Cent го предизвика Мејведер

Можеби Мејведер рутински победи во 10-та рунда откако паметно дозволи Мекрегор сам да овене (ММА борецот енергетски е баждарен на три рунди), но него допрва го чека застрашувачки предизвик. Раперот дава 750.000 долари на хуманитарна организација по избор на светскиот шампион ако овој успее да прочита една страница од книгата Хари Потер! А му нуди и лајт варијанта.