Спорт

Хајлајтс од првиот Дрим тим

Не сте вие стари, ама Дрим тимот наполни 25 години. Во негова чест ФИБА објави компилација од најдобрите моменти од првиот натпревар на првиот Дрим тим. Потсетување како изгледаше неговиот состав: Џордан, Меџик, Бирд, Јуинг, Баркли, Мелоун, Стоктон, Пипен, Робинсон, Малин, Дрекслер.

2 месеца до најголемата борба во историјата на боречките спортови

Фанови и публика (претежно) се за Мекгрегор, едноставно ова е негов момент на слава и уште се навлечени на приказната на Ирецот. Од друга страна сè што е стручна боксерска фела (дури и тие што навиваат за Мекрегор) отворено кажуваат дека не постои сценарио во кое Мејведер го губи боксерскиот меч со ММА првакот. На 26-ти август ќе видиме што ќе се случи.

Единствената вистинска тепачка на Брус Ли

Тврдат дека ова е снимка од единствениот вистински дуел на легендарниот Брус Ли во боречки вештини. Противник му е Тед Вонг, еден од најнадежните кунг-фу борци во тоа време. После ваква смирена супериорност, тешко се наоѓале предизвикувачи.

Кога ќе ја сфатиш тактиката на противникот

Една поучна лекција на оваа тема за која се зборува уште од Сун Цу и која може да се искористи за спортски, политички, деловни и секакви други ситуации. Бидејќи со шах малку подолго би траело објаснувањето, одиме со бокс.

И НБА чирлидерките не се тоа што беа

НБА натпревар Рапторс - Санс, доаѓа полувреме, тоа напнатите мажи се повлекуваат од терен, а ти чекаш да се појават девојките што веќе ги сметаш за загарантирано уставно право што доаѓа секое полувреме, кога тоа ти истрчуваат чирлидерки во чоја и опинци.

Фудбал на пијано

Не на пијано, на камен пијано! Иако минималниот услов е еден промил, овие спортски ентузијасти прописно се направија ќофте пред да фатат топка. А судиијата е со дрегер за дување, за да пресуди дали некој гол е постигнат со регуларно количество на алкохол во крвта. Една утакмица на овие ајвани со македонската репрезентација би била резултатски крајно неизвесна.

Кога на Русин му е досадно

Александар Емелијаненко, брат на најфасцинантниот борец на сите времиња Федор (кој исто ја има таа "ич нејќам да те тепам, ама кога сме веќе овде" фаца) против еден напнат противник со опасен изглед.

Пинг-понг глобтротери

Пинг-понг е еден од оние спортови каде успехот е составен од 50% талент и 50% да си Кинез. Овие скроз ги имаат покриено двете ставки, плус имаат додадено неброени часови вежбање.

Девојката која тврди дека е побрза од Усеин Болт

Не само што оваа маскирана плавуша мисли дека е побрза од Болт туку е убедена дека може да истрча 100 метри за 7,5 секунди. Нејзиниот проблем не е што не ја разбира брзината туку што не ја разбира должината. А за тоа веројатно се виновни нејзините дечковци кои којзнае колкупати ја излажале на таа тема.

Движења што веќе не се дозволени во гимнастиката

Две се на Олга Корбут, едно е на Елена Мухина, и едно на Нели Ким (и тоа е во видеово, а има и други). Заедничко за сите, е што одговорните за гимнастика одлучиле дека движењата се премногу ризични за изведување. Кога ќе го изгледате видеото, ќе забележите дека фразата "премногу ризични" никогаш не изледала така недоволна како во ситуацијава.

Брaќа Филипинци, па и не мора да се учествува

Ако како скокач во вода изгледаш како да си изненаден кога ќе ја допреш водата, тогаш батали и репрезентација, и Кубертен, и важно е да се учествува, сигурно ќе има нешто друго што да се прави.

Бајката Исланд

Логика која држи без разлика дали си 300.000 народ или 2 милиони: не сме големи, ама можеме да подаваме топки, можеме да се браниме како тим, и можеме да даваме голови. Другото го знаете. П.С. Една од причините зошто до сега ништо не направиле во фудбал, немале асални игралишта.

Исланд се сака и во 94-та минута

Ова што ќе го чуете е исландскиот коментатор од вчерашниот пренос од натпреварот меѓу Исланд и Австрија. За тие што не се запознаени, Исланд во 94-та минута дадоа гол со кој одат во осмина-финале, без голот, имаше шанси само дома да одат.

Веројатно најбрзиот пит-стоп во историјата на Ф1

Ај види што можеш да направиш за нецели 2 секунди (1,92), ај сега види дечкиве што можат да направат за нецели 2 секунди. Видеото е од трката во Баку, во болидот е Маса, а механичарите се на Вилијамс.

Кога Господ беше Българин

17 ноември 1993-та, Паркот на принцовите, Франција и Бугарија го играат последниот квалификациски натпреварот за Мундијалот во САД 1994. За да се пласира на Бугарија и одговара само победа, на Франција сè останато. На 30 секунди пред 90-та минута резултатот е 1-1, а Франција изведува "скратен корнер."

Спортско цепење коли

На прво прегледување изгледа како да не постои каква било космичка пречка зошто ние како нација не би можеле да успееме во спортов, ти даваат секира и кола, и лупаш се додека едно од тие две не се прекрши на пола (ако е секирата, веројатно ќе ти дадат нова). Како посебен метод за поттикнување на спортот, може да се дозволи вежбање на кола што ти се огрешила по твој избор.

Како да потрошиш милион долари за еден ден, Шекил едишн

Како е можно спортисти што прават милиони долари годишно да останат банкрот? Многу лесно, само мисли дека знаеш што да правиш со парите. Шекил зборува за првиот милион што го заработил во животот и како му исчезнал.

А ова си ти во споредба со професионален спортист

Како би изледало кога изливите на гнев од твоите спортски расправии со телевизорот би се префрлиле од пред екран директно на терен. Не е за верување колку се станати ѕверови спортистиве.

И ММА имаат душа

Иако кулминација на ММА борба најчесто се тие 2-3 секунди активно пасирање на лицето на противникот додека тој избезумено лежи на патос, има и борци за кои не е сè во толчењето.

Па преку новинарите веќе!

Една од оние "или ќе се појавиш или попиеш казна" прес-конференции после натпревар во колеџ баскет. Кошаркарот од тимот што изгубил, новинарот од тимот што сака да го тупи.

Ете некој аир и од бебиња

На полувремето на Сакраменто Кингс на публиката ѝ беше понудена забава каква што овде би предизвикала лавина морализаторски осуди и повици за линчови. Трка на бебиња кои ползат. Хмм. Плавокосото бебе се држеше добро сè додека не ги покажа своите црногорски гени.

Сте за партија кабади?

Нешто помеѓу ракомет, брканица и што ме гледаш бе! Само направено бескрајно комплицирано.

А где је паркет?

Почнува со регуларната сала за кошарка во Белградска Арена, завршува со олимписки базен со европското првенство во ватерполо Белград 2016. Сето измеѓу го има во видеово.