Како ја оценувате важноста на таканаречените grassroots движења во Европа? Така настана Сириза во Грција а во Шпанија ги имате Подемос.
Мислам дека се многу важни. Но забележете ја реакцијата на нив. Реагирањето кон Сириза беше екстремно сурово. Направија некаков напредок во преговорите но не многу. Германците силно им се з'гнаа.
Во справувањето со долгот?
Во справувањето со нив, принудувајќи ги да се повлечат од речиси сите свои предлози. Она што го гледаме како политика на штедење и стегање на каишот всушност е класна војна. Како економска програма, стегањето каиш во услови на рецесија нема никаква смисла. Тоа само ја влошува состојбата. Па така грчкиот долг, во релација со нивниот БДП всушност порасна за време на спроведувањето на мерките кои требаше да го намалат. А во случајот на Шпанија, тоа не е ни јавен туку приватен долг зад кој стојат банките. Меѓу другите, и германските банки. Запомнете, кога банката дава рискантни позајмици, некој зема рискантни позајмици. А таквите политики беа креирани од европската тројка, да им се помогне на банките, на оние кои го создадоа проблемот. А луѓето страдаат. Во меѓувреме, она што се случува е дека останатите политики еродираат, се губат инструментите на државата на благосостојба. Тоа е класна војна, тоа не е економската политика која има некаков резон да ѝ стави крај на кризата. И затоа имате реакции, во Грција, Шпанија, нешто во Ирска, во Франција. Но, тоа е многу опасна ситуација која може да води кон подем на десничарите, на крајните десничари и како алтернатава на Сириза да се видат нео-нацистите од Златна зора.