Ковид во бременоста го зголемува ризикот од аутизам кај децата

Децата родени од мајки заразени со ковид за време на бременоста се соочувале со поголем ризик од аутизам, заедно со други невролошки разлики како што се доцнења во говорот и моторниот развој. Наодите од ново истражување не се цврсти докази дека ковид-19 ги предизвикал состојбите кај децата, но случаите биле 2,5 пати почести во споредба со мајките што не биле заразени.

Со студијата биле анализирани медицински податоци за повеќе од 18.100 новородени деца во Масачусетс чии мајки во текот на бременоста биле заразени од вирусот во периодот од почетокот на пандемијата па до средината на 2021 година. 

Иако ризикот е зголемен, тој не е исклучително висок. Не е дека секоја бремена жена што имала ковид во текот на бременоста треба да биде загрижена дека нејзиното дете ќе има аутизам, истакнува Андреа Едлоу од Општата болница во Масачусетс, професорка по акушерство и гинекологија на Медицинскиот факултет Харвард.

Истражувачите анализирале медицински картони во периодот од 1 март 2020 година до 31 мај 2021 година. Од 861 жени што се време на бременоста биле позитивни на тестот за коронавирус, 140 родиле дете што то возраст од три години добило дијагноза за нарушување во јавноста. 

Најчестите дијагнози вклучуваат нарушувања во развојот на говорот и моторните функции и аутизам. Околу 2,7% од децата родени од мајки кои имале ковид-19 за време на бременоста биле дијагностицирани со аутизам, во споредба со околу 1,1% од другите мајки, покажува студијата.

Постојат силни докази дека некои вируси како што се рубеола, варичела-зостер и Зика можат директно да предизвикаат повреда на фетусот. Во 2015 и 2016 година Светската здравствена организација прогласи вонредна состојба за јавно здравје кога вирусот Зика се ширеше во Латинска Америка и беше поврзан со стотици раѓања на деца со микроцефалија, состојба која се карактеризира со абнормално мала глава и неразвиен мозок.

Научниците досега ја сметаа за мала веројатноста респираторните вируси, како што се грипот и SARS-CoV-2, да ја преминат плацентарната бариера. Можни причинители се воспаленија, што резултираат со ослободување на сигнални молекули кои можат да влијаат на тоа како невроните во мозокот растат, се поврзуваат и мигрираат.

Ако имунолошкиот систем на фетусот навистина се засили, тоа би можело да има последици, не само за мозокот во развој, туку и за метаболичкиот систем, црниот дроб, панкреасот, срцето, масното ткиво. Покрај невроразвојните дијагнози, тоа би можело да доведе до дебелина и метаболички синдром или инсулинска резистенција подоцна во животот, објаснува Едлоу.

Експерти забележуваат дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврди врската. Тие укажуваат дека со оваа студија не биле опфатени други показатели за мајките што може да се потенцијални ризични фактори, како дебелината, хипертензијата или гестацискиот дијабетес.
 

3 ноември 2025 - 08:41