Здравје

Со тест на крв порано ќе се открива рак

Кај илјадници пациенти во Англија ќе се применува револуционерната „течна биопсија“ со која во крвта на пациентот рано се откриваат фрагменти од ДНК на тумор. Со рутински тест на крвта ќе се избегнат биопсии и скенирања. Тестот ќе биде стандарден за откривање рак на белите дробови, ќе се применува и на жени со рак на дојка, а се планира да се прошири на уште шест видови канцер.

Прва вакцина против трипер

Англичаните и Велшаните ќе ја тестираат ефикасноста на вакцина прилагодена против трипер, прва во светот. На Островот во изминатата деценија за 2,5 пати се зголемил бројот на случаи на гонореја. Се лекува само со антибиотици, но бактеријата ја засилува отпорноста и го отежнува третманот. Ако не фати вакцината, единствената опција против триперот е безбеден секс.

Лекови за рак продолжуваат глувчешки живот

Европски научници кај глувци тестирале коктел лекови и утврдиле дека им го продолжува животот за 30 проценти. Проблем е што состојките во „коктелот на младоста“ се лекови со кои се третира рак. Уште поголем проблем ќе биде ако приказната почнат да ја тркалаат холивудски и инстаграм инфлуенсери па луѓе почнат сами да си го прават коктелот.

На Модерна ѝ забранија да прави мРНК вакцина за птичји грип

Американските здравствени власти го поништија договорот со фармацевтската компанија Модерна за развојот на вакцина против птичји грип наменета за луѓе. За време на мандатот на Џо Бајден ѝ доделија 766 милиони долари за завршната фаза од развојот. Проблем е недоволно  тестираната технологија мРНК, која се користи и во вакцините против коронавирусот.

Од што попрво да се пази жена денес

Еден од отровните и опасни пестициди е најден во неочекувана средина. Станува збор за глифосат, кој го нашле во концентрации 40 пати повисоки отколку што се дозволени во водата. Каде? Во тампони. На овој начин директно во крвотокот влегуваат токсичните хемикалии за кои е докажано дека предизвикуваат канцер. Ние имаме други проблеми: менструацијата е табу.

Повеќе не се препорачуваат ковид-бустери за деца и бремени жени во САД

Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди уште повеќе го стеснува кругот за вакцинирање против ковид. Од денеска повеќе не се препорачуваат засилувачки дози од вакцината за бремени жени и за деца. Кенеди објаснува дека нема клинички податоци што би го поткрепиле старото правило сите луѓе да се ревакцинираат еднаш годишно. 

После 50 години, имаме нов антибиотик

Во завршна фаза од испитувањата е првиот лек од новата класа на антибиотици против „грам-негативните“ бактерии. Ќе биде тестиран кај 400 пациенти. ОН ги истакнаа супербактериите отпорни на антибиотици како најитна глобална здравствена закана и предупредија дека до 2050 година може да предизвикаат по 8 милиони смртни случаи годишно. Сега убиваат по милион луѓе.

Сперма од донатор им донела рак на десетици деца

Дебатата за тоа колку често треба да се користи сперма на ист донатор се разгоре во Европа, откако 67 деца биле зачнати со сперма на маж со ретка мутација која предизвикува рак. Кај десет деца е дијагностициран рак. Дури и прегледите да се максимално темелни, а не се, постои ризик донаторот да страдал од сериозно нарушување што без да знае им го пренесува во наследство на многу деца.

Паркинсон се крие во позелена трева

Слично на фармерите, и луѓето што живеат во близина на терени за голф се изложени на значително поголем ризик од Паркинсонова болест, покажуваат резултати од ново истражување. Како причина  се истакнуваат пестицидите со кои се прска тревата за да биде мазна и зелена. Уште поголема опасност е подземната вода од терените, во која навлегуваат отровните хемикалии. 

САД свесно криеле дека мРНК вакцините се ризик за срцето

Највисоките здравствени институции во времето на Џо Бајден со месеци свесно ги криеле од јавноста предупредувањата дека мРНК вакцините против ковид може да предизвикаат воспаленија на срцето. Лекарите што укажувале на ризикот биле цензурирани и обвинувани дека шират дезинформации. Во тие неколку месеци стотици млади вакцинирани Американци развиле миокардитис.

Кинези вратиле нов вид бактерија од вселената

Бактерија што живее во канализација и предизвикува сепса се протнала во вселенска станица и мутирала во нова сорта, прилагодена на најсурови услови за живот. Кинезите сега ја анализираат во лаборатории за да откријат дали може да ја искористат за идни вселенски мисии или за заштитни обвивки. Сè уште не е утврдено дали новата бактерија го загрозила здравјето на астронаутите.

Види, види, кој тоа не ни се вакцинирал

Врвна здравствена функционерка во САД призна дека никогаш не примила вакцина против ковид. Уште помалку би го направила тоа сега, кога подобро ги знае ризиците. Администрацијата за лекови најави дека ќе одобрува имунизација против ковид само за постари од 65 години и сериозно болни. Младите, здравите и ревакцинираните немаат потреба да се изложуваат на ризик од нови дози.

Од долг ковид може и мозок да зачури

Десетици милиони луѓе низ светот сè уште не се опоравиле од ковид, дури и пет години откако се разболеле. Ново истражување открило дека пациентите со континуирано замаглување на умот како последица на болеста имаат повисоко ниво на воспаление на мозокот, поголем стрес, когнитивни тешкотии и дале значително пониски оценки за квалитетот на животот и благосостојбата. 

Голема разлика во смртноста меѓу вакцинираните со Фајзер и Модерна?

Нова студија за стапката на смртност од ковид во САД повторно ја засили дебатата за безбедноста на вакцините. Истражување спроведено кај повеќе од 1,4 милион луѓе на Флорида покажало пониска стапка на смртност од сите видови причини кај возрасни што ја примиле вакцината од Модерна во споредба со истите категории луѓе што примиле дози од Фајзер.

Прв спасен живот со генетската техника КРИСПР

Деветмесечено бебе родено со ретко генетско нарушување е првиот човек што е излекуван со терапија за модификација на гени со техниката КРИСПР, која пред пет години заслужи Нобелова награда. Успехот на лекарите од Филаделфија се смета за историски во медицината, бидејќи им дава уште една шанса на луѓето со ретки болести, за кои нема други третмани што би им го спасиле животот.

Скршеното срце почесто ги убива мажите

Стресот и емоционалната болка по раскинување на врска е тема на безброј песни, книги и филмови. Но, синдромот на скршено срце е медицински потврден како сериозна состојба по емоционален и физички стрес, со висока стапка на смртност од 6,5 % и од која страдаат се повеќе луѓе. Од синдромот почесто страдаат жените, но двојно повеќе е фатален за мажите.

Гасот од шпоретите е ризик за рак кај децата

Шпоретите на гас ослободуваат доволно големо ниво токсични гасови за да предизвикаат рак, покажува нова студија. Главниот виновник е бензенот, кој се создава со согорување на природен гас или пропан. Децата се двојно повеќе изложени на ризикот од возрасните. Добрата вест е што подобро вентилирање на домот, макар и отворен прозорец покрај шпоретот, го намалува ризикот.

Зрачењето од мобилните сепак имало врска со канцер

Мобилните телефони, рутерите, базните станици, сите уреди со радиофреквентни зрачења сепак имаат врска со тумори, покажува нов преглед финансиран од СЗО. Тоа не мора да значи дека треба итно да се ослободиме од мобилните телефони, без кои животот денес не може да се замисли, но има инженерски решенија што може да помогнат. Пред се, луѓето треба да знаат за ризикот.

Вакцина на шмркање

Канадската влада започна интензивно тестирање на новата мРНК „AeroVax“ вакцина против ковид, која експертите ја опишуваат како начин да се заобиколи отпорот на традиционалната вакцинација. За разлика од конвенционалните вакцини кои се даваат со инјектирање, AeroVax се администрира преку аеросол - како спреј што се вдишува и директно ќе го таргетира горниот респираторен тракт.

Фаучи под истрага дека финансирал истражувања со вируси во Вухан

Специјален разузнавачки тим ќе ги проверува врските на докторот Ентони Фаучи со опасни истражувања на вируси во лабораторијата во Вухан, од која мошне веројатно се прошири пандемијата на ковид. Шефицата на разузнавањето потсети дека САД финансирале опасни генетски истражувања на вируси и во биолаборатории во Украина пред да почне војната.

Брза храна - побрза смрт

Претерано користење ултраобработена храна - како месо, житарки или готови оброци, го зголемува ризикот од прерана смрт, покажува глобално истражување. Ваквата храна веќе содржи превисоки концентрации на масти, сол и шеќер, а уште поголема штета создаваат адитивите за боја, вкус и засладувачите. На секои 10% внесена брза храна, ризикот за прерана смрт се зголемува за 3%. 

„Модерна“ нуделе пари и плишани мечиња за деца да тестираат вакцини

Фармацевтската гранка за развој и производство на вакцини која во ковид времето доживеа невиден бум, сега дополнително се дискредитира со последната епизода која може да резултира со суспендирање на еден од нивните гиганти, Модерна, од британскиот пазар. Компанијата е осомничена за кршење на низа правила, меѓу кои лажење на регулаторите и нудење „мотивациски“ подароци за деца.

Пола од грчките смртни случаи од ковид не биле од ковид

Анализа на смртни случаи во атински болници во 2022 година покажала дека имало речиси двојно повеќе запишани отколку реални смртни случаи од ковид. Коронавирусот го запишувале како причина за смртта кај сите пациенти со позитивен ПЦР тест, дури и ако немале никакви симптоми. Доктори сметаат дека грешната евиденција била правена намерно, за да се прошири страв во јавноста.

Што всушност се криe за мРНК вакцините?

Германски и европски надлежни институции со години не даваат одговори за тестирања на мРНК вакцините, иако податоци одамна се протечени во јавноста. Освен што со ваков молк се губи довербата во надлежните, криењето податоци создава впечаток дека стандардите за безбедноста можеби не се толку високи колку што е неопходно за дозирани лекови што масовно се користат кај здрави луѓе.