Колку долго треба да можете да стоите на една нога?

Нашите тела се менуваат како што старееме: од брчки до слабеење на меморијата и способноста за варење одредена храна. Освен ако не сте по јогата, не се случува често да треба да стоите на една нога. Нормално, не сте фламинго. Но, краток тест може да открие доста за вашето физичко здравје. Стоењето на една нога може да биде добар показател колку добро стареете.

Во студија објавена во списанието Public Library of Science пред пар години, истражувачите откриле дека силата и рамнотежата потребни за оваа поза се меѓу првите што исчезнуваат со текот на годинитт.

Тие откриле сериозен пад на оваа способност после 65-годишна возраст, при што многу постари учесници се мачеле да ја држат позата повеќе од две секунди.

„Наодите сугерираат дека времетраењето на вежбата за стоење на една нога може да послужи како сигурен и независен од полот индикатор за невромускулно стареење и кај мажите и кај жените“. 

Интересот за оваа тема не е само академска туку веќе е влезена во препораките на британскиот здравствен систем.

Правилата се:

  • Застанете на една нога без да се држите за нешто. 
  • Држете ги очите отворени и рацете на колковите.
  • Времето започнува кога вашата нога ќе се тргне од земјата и запира кога ќе ја спуштите ногата назад (или кога ќе ги тргнете рацете од колковите).

Таргетите се:

Од 18 до 39 години: 43 секунди 

Од 40 до 49 години: 40 секунди

Од 50 до 59 години: 37 секунди

Од 60 до 69 години: 30 секунди

Од 70 до 79: 18 секунди

Над 80 години: 5 секунди

 

21 септември 2025 - 09:18