
Наодот на администрацијата дека 25 деца починале откако ја примиле вакцината против ковид е извлечен од Системот за пријавување на несакани ефекти од вакцини (VAERS), јавна база на податоци за самопријавени несакани ефекти. Смртните случаи сè уште не се официјално потврдени, но се спроведува темелна анализа.
Има деца кои починале од вакцината против ковид. Спроведуваме соодветна истрага, изјави Марти Макари, комесарот за администрација за храна и лекови.
Министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор ќе го претстави случајот пред новиот состав на Комитетот на ЦДЦ кој е одговорен за утврдување кои вакцини се препорачуваат, откако ги смени претседателот и сите 17 члена. Кенеди веќе ги промени федералните упатства, при што ЦДЦ повеќе не препорачува рутинска вакцинација против ковид за здрави деца, тинејџери или бремени жени.
Иако агенцијата сè уште препорачува вакцини против Ковид за сите над 65 години, подобноста за помладите возрасни е стеснета на оние со основни медицински состојби. Финансирањето за истражување на вакцини е исто така намалено.
И претседателот Доналд Трамп неодамна изрази сомнежи за ефикасноста на вакцините против ковид.
Многу луѓе мислат дека тие се чудо што спасило милиони животи. Други не се согласуваат! Со оглед на тоа што ЦДЦ е растргнат околу ова прашање, го сакам одговорот СЕГА“, напиша тој на својата социјална мрежа.
Уште во јуни службеници во ЦДЦ пред советничката група претставија податоци дека по јули 2023 година најмалку 25 деца починале од ковид откако биле хоспитализирани. Тие притоа оценија дека реалната бројка е уште повисока.
Низа научници инсистираат дека вакцините се опширно проучувани, вклучително и кај деца.
Тие ја користат оваа платформа за да споделуваат невистини за вакцините и за да ги плашат луѓето, изјави професорот Ноел Бруер, еден од советниците сменет од министерот Кенеди.
Истражување на Универзитетот Стенфорд и италијански истражувачи објавено во јули покажа дека вакцините против Ковид спасиле помалку животи отколку што првично се мислеше. Светската здравствена организација тврди дека вакцините спречиле 14,4 милиони смртни случаи низ целиот свет. Новото истражување покажува дека реалната бројка е поблиску до 2,5 милиони.
******
Види и: Вакцините против ковид спасиле многу помалку животи отколку што кажува СЗО
Повеќе не се препорачуваат ковид-бустери за деца и бремени жени во САД