Во САД живата беше отстранета од повеќето вакцини за деца во почетокот на овој век. Откако беше назначен за министер, Кенеди во јули издејствува од вакцините за грип за возрасни да биде отстранета состојката со жива тимеросал, која се користеше како конзерванс.
Кенеди објасни дека тимеросал никогаш не бил подложен на соодветно тестирање за безбедност кај луѓето, иако стотици рецензирани студии ја идентификувале супстанцијата како моќен канцероген невротоксин.
Да го почитуваме и заштитиме човештвото и да се осигуриме дека ниедно дете, никаде во светот, никогаш повеќе нема да биде изложено на овој смртоносен невротоксин, порача Кенеди, обраќајќи се на Конвенцијата Минамата.
Глобалниот договор Минамата, насочен кон заштита на здравјето на луѓето и животната средина од загадувањето со жива, беше усвоен пред 12 година и досега е ратификуван од над 50 земји. Конвенцијата го носи името на јапонскиот град чии жители пред 70 години страдаа од тешко труење со жива.

И Европската Унија веќе ја отстрани живата од сите свои вакцини, но Светската здравствена организација не го променила својот став и не препорачува глобална забрана. СЗО се повикува на застарени извештаи во кои се тврди дека нема докази за штетни последици од употребата на жива во процесот на производство на вакцини.
Живата се користела како конзерванс во вакцини речиси еден век. Нејзиното додавање овозможило економична употреба на ампули со повеќе дози и во тоа време се сметало за револуционерен медицински напредок. Сепак, загрижености за труење со жива од широк спектар на производи и извори поттикнало истраги и таа била исфрлена од многу фармацевтски и производи за широка потрошувачка.
Договорот што овозможи постепено елиминирање на живата во светилките и козметиката дозволи таа да остане во производи што се инјектираат кај најранливите, кај бебиња и бремени жени. Зошто имаме двоен стандард за живата? Ако е опасна во батериите, во лековите без рецепт и во шминката, зошто би била прифатлива во вакцините и забните пломби? Неоправдано е владите ширум светот сè уште да дозволуваат соединенија базирани на жива во здравствената заштита, иако постојат безбедни алтернативи, истакна Кенеди.