Македонски владици му биле на роденден на рускиот патријарх
22 ноември 2026
- Рускиот патријарх Кирил се сретнал со македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј, во чиј состав бил и епископот Хераклејски Климент.
- Ги примил во Даниловиот манастир во Москва по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх.
- „Многу нешта нè поврзуваат, веќе затоа што сме Словени, припаѓаме на кирилометодиевската традиција и го разбираме јазикот едни на други. Многу сум радосен што сега имаме можност заедно да се молиме и да служиме богослужби“, рекол Кирил.
-
Стариот рекол и дека оваа средба има историско значење: „Нашата денешна средба е посебна: за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква – помесна црква која доби законска автокефалија“.
-
Георгиј потсетил и на можноста што пред дваесет години им била овозможена на македонските студенти да се образуваат во духовните училишта во Русија, посочувајќи дека дел од нив денес се професори во семинариите и на Богословскиот факултет, како и на други значајни црковни институции во Македонија.