Англичаните живеат за Светски и Европски првенства. Шампионската титула и пехарот од Светско го сонуваат од 1966-та година. И веруваат дека конечно ќе стигнат до него после 60 години.
Бокспарк е местото каде илјадници навивачи заедно ги гледаат натпреварите на Англија на јавно место. Тоа е најчесто Кројдон, Вембли или Шордич. Кога Англичаните даваат гол, овие места еруптираат, се скока, лудува, вика, урла, се прскаат со пива.
Утре вечер (среда) од 19 часот ДР Конго ги почнува своите настапи на Мундијалот 2026 и тоа против силната и моќна Португалија. На трибините би требало да биде и тој, најпознатиот навивач на „леопардите“.
Најфудбалска атмосфера секогаш доаѓа од собирите на Аргентинците. Тие играат во 3 часот после полноќ од вторник кон среда. Во Канзас Сити. А во меѓувреме навивачите на светскиот шампион се собрале во Њујорк на Тајмс Сквер. Локура!
По бурното финале на грчката Суперлига каде Олимпијакос ја освои шампионската титула по 3-1 во серијата против големиот ривал Панатинаикос а после мечот имаше тепачка меѓу Кендрик Нан и Тајрик Џонс, во Солун се славеше. На клупата на Арис кој има богати сопственици и големи амбиции, седнува Василис Спанулис, легендата на грчката кошарка.
Шкотска се пласираше на Светско првенство после цели 28 години. Сонот се оствари за многу генерации, па додека го чекаат стартот против Хаити, Шкотите уживаат на пристаншитата во Бостон. Со полни пивски чаши.
Шкотските навивачи кои често ги гледаме во Скопје во разни квалификациски натпревари, а ќе ги гледаме и наскоро во Лига на Нации кога Македонија ќе игра против Шкотска, важат за едни од најзабавните. Каде и да одат тераат мајтап на своја и на туѓа сметка. Сега еден полицаец во Бостон посакал да облече дрес на Шкотска.
Очекувано традиционалната мексиканска текила е баран пијалак на Мундијалот кој се игра во оваа земја. А на натпреварите строго е забранета конзумација на алкохол, па се снаоѓа кој како може. Овој е мајстор!
Веќе ги имаме првите јаки видеа од Светското првенство во Мексико. Домаќините имаат фина, пријателска дружба со Корејците на кои им скандираат: ¡Coreano, hermano, ya eres mexicano! или во превод „Кореец, брате, ти си Мексиканец“. Заедно пијат текила, а еден уживаше во толпата:
Убави слики од Мексико каде навивачи на репрезентациите кои славеа победи во 1. коло на отворањето, Мексико и Јужна Кореја заедно ексираат текила. Не им дале да ја внесат на трибини нормално, па ја дегустирале надвор.
Како и многу народи од тој дел од светот, така и Мексиканците просто живеат за фудбалот кој страствено го следат. Синоќа како домаќин на Светското 2026 на отворање ја победија Јужна Африка 2-0. После мечот над 100.000 Мексиканци мокри „до гола кожа“ славеа триумф.
Сомбреро е најпрепознатливиот симбол на Мексико и задолжителен атрибут на неговите навивачи на сите Светски првенства. Така ќе биде и на овој Мундијал, трет во историјата во оваа земја.
Њујорк Никс поведе со 1:0 на гости во првото соочувањето од големото НБА финале против Сан Антонио Спарс. Во еден момент на паркетот се случи нешто што обично го гледаме на фудбалските терени.
Ќе биде многу интересно да се види поддршката која ќе ја имаат Норвешка и Ерлинг Халанд на Светско првенство 2026 летово. „Викинзите“ се во група со Мароко (7-ми јуни 21 часот), Ирак (17-ти јуни 00 часот на полноќ) и Сенегал (23-ти јуни во 02:00 часот после полноќ). Ќе веслаат како викинзи!
ФК Пелистер испадна во втора лига после пораз на пенали од Шкендија Арачиново. Навивачите се бесни. Бараат одговорност и јавно да се соопшти кој ги одобрувал сезонава трансферите.
Ја раскажува нејзиниот автор, како позадина на веројатно најмоќното видео од прославата на Арсенал, кој конечно му донесе радост и насмевки на Северен Лондон. Името на химната е „North London Forever“.
Охрид ги поздрави шампионите со сите нишани после освојувањето на Европскиот куп на ЕХФ. Прославата беше организирана на градскиот плоштад и зачинета со огномет и бакљада.
Големите настани обично носат гомила навивачи од резултат односно „навивачи“ на големи настани, дојдени да бидат видени, да се сликаат и снимаат за Инстаграм и да бидат фенси. Така еден навивач на ПСЖ разбрал не доразбрал па наместо за Будимпешта на финалето, купил авионска карта за Букурешт. Слични му биле.
Историско финале на Лига на шампиони меѓу ПСЖ и Арсенал. После 1-1 во основно време и продолженија следуваа пенали. А за време на клучниот пенал на Арсенал во Париз некој го исклучил телевизорот во некој бар.
Стотици безделници кои на плоштадите и во локалите ширум Париз го следеле големото финале на Лига на шампиони, после победата на ПСЖ против Арсенал на пенали за втора европска титула, повторно демолирале во градот. Скршени излози, превртени возила, многу уапсени, приведени и повредени. Дали победиле дали изгубиле стално демолираат после важни натпревари и градските власти не можат да се справат.
Сте слушнале ли до сега вакво нешто за спортски бренд на некоја друга држава? Навивачите да земаат кредити, за да им даваат плата на играчите? Само Комитите знаат ни сè што поминале, за Вардар да опстои на дното и да не се распадне додека едвај преживуваше пред пар години.
Полицијата во Лајпциг има полни раце работа изминативе 2-3 дена. Во овој град се играше финалето на Конференциска Лига меѓу Рајо Ваљекано и Кристал Палас кои неочекувано стигнаа до натпреварот за трофеј а на крај победи премиерлигашот со 1-0. Стотици навивачи на двата тима се напаѓале едни со други на повеќе локации низ Лајпциг. Полицијата привела десетина лица. Германската полиција веќе е навикната на вакви хулигански нереди.