Сандерленд е една од поубавите приказни на сезонава која само што заврши. Дојдоа од втора лига пред една година. „Стручњаците“ во студијата им се смееа пред старт на сезоната во Премиер лига. Ги мајтапеа и ги праќаа набрзо назад во втора лига. На крај „црните мачки“ се пласираа во еврокуп, ќе играат Лига Европа што е сон за навивачите.
Кога некогаш би го подигнал овој шампионски пехар, веројатно ќе се рефлектира празнината, темнината, болките, страдањата, илјадници тивки битки водени во тишината...
Навивачите на бразилски Коринтијанс се собрале пред клупските простории за да пратат своја порака пред изборите на кои изгубил досегашниот претседател на клубот Андрес Санчез поради коруптивни зделки. Навивачите прскале со сапуница за симболично да ја најават чистката во клубот која следува.
„На крајот го дочекавме моментот. По цели шест години борба се радувавме на новата титула која зад себе остави многу жртви, но која вечно ќе го симболизира црвено-црниот непокор и силата на Вардаровите навивачи! Вардар во срцето, Македонија во душата!“, напишаа најверните навивачи на Вардар.
Едните имаат седум европски титули, а последната им е во 2007-ма. Другите се двократни европски прваци, кои барем во поново време играа три финалиња. Во 2003-та загубија токму од Милан, а потоа во 2015-та и 2017-та се соочија против Барса и Реал. Нема утеха другари кога знаете дека Комо е појак.
Вардар и официјално ја завери и прослави шампионската титула број 12, прва во последниве шест години. Во последното коло само ја потврди доминацијата оваа сезона и ја растури Шкендија со 3:0, на која и се одлепи со 9 бода. Комити славеа на големо и тоа две ноќи по ред. Им се придружија Милан Лазаревски и Гоце Геогриевски.
Со новото име „Телеком Центар“ прекрасната Арена во Атина викендов ќе биде домаќин на Фајнал Фор борбите за пехарот. Капацитетот за кошаркарски натпревари е 18.500 гледачи, а се очекува најбројни да бидат навивачите на Олимпијакос и Фенербахче. Нешто помалку симпатизери ќе имаат Реал Мадрид и Валенсија.
Миленко ја утна ептен што објави видео на кое шампионите на Македонија пејат вулгарно против една од најславните македонски пејачки. Но, што правиме сега со свирењето на македонската химна во финале на македонски Куп? Ќе се правиме на будали?
Северна Африка во последниве години импресионира со спектакуларни навивачки изведби. Им завиди цела Европа на кореографиите, скандирања, песни, пиротехника. И нови идеи:
Навивачите на Астон Вила заобиколија доставувач на храна во Истанбул на денот на финалето од ЛЕ против Фрајбург и од тоа направија забава. Ама доставувачот ќе треба да се враќа назад. Ако е паметен нека оди по друг пат.
Асоцијација за игра со глава ни е Оливер Бироф, кој не може да ги доброи головите со тоа тимбата. Овој додуше може позади да го стават, да ги чисти ко Тони Адамс или Сол Кембел.
ФК Вардар изминатиов викенд со победа 0-1 во Струга и дефинитивно ја освои шампионската титула. Црвено-црните го вратија пехарот после шест години. Во недела јагодка на тортата ќе биде дербито со најголемиот ривал Шкендија од Тетово на „Градски стадион“ во недела од 18 часот.
По реакцијата на Министерството на Спорт, како и ФФМ која најави дисциплинска постапка, со реакција на видеото на ФК Вардар се јави и навивачката група на Пелистер. И тие со идентичен вулгарен наратив, како и желба за отцепување
Баерн Минхен традиционално ја прослави шампионската титула од Бундеслига на култниот плоштад Мариенплатц. Меѓу илјадници навивачи на Баварците се пикнале и неколку навивачи на градскиот ривал Минхен 1860. Им развиле и голем транспарент со натпис „СЕЉАЧИШТА И КУ'ВИНИ СИНОВИ“. На транспарентот со мали ситни бројки пишувало и 1860 чисто да се знае кој им го подметнал.
Ќе речеш Данска е ова, а главното навивање е во југот, кај што е поголем темпераментот. Ама види ги ти навивачите на Копенхаген пред синоќешното Куп финале против Митјиланд. Жар, сплотеност, синхронизација. Одлични.
„Насер ја убива Лига 1“ и „Катар го убива францускиот фудбал“, гласеа банерите на навивачите на Ленс, кој и официјално ја загуби титулата во претпоследното коло откако ПСЖ победи со 0:2 и избега на +9 бода. Навивачите на Ленс се бесни бидејќи ова дерби требаше да се одигра на 11 април (сабота), но беше одложено за Парижаните да се одморат за двете четвртфиналиња против Ливерпул на 8 и 14 април.
После неколку години надвор од својот дом, Барселона сезонава конечно се врати на „Камп Ноу“. Реновиран, освежен, скоцкан и со зголемен капацитет кој сè уште не е пуштен во целост од безбедносни причини. За Ел класико со Реал Мадрид навивачите спремиле пригодна кореографија.
На 11-ти мај 1985-та година на стадионот Велеј Парејд се играл натпревар меѓу домашниот Брадфорд Сити и Линколн. Домаќините славеле пласман од трета во втора лига. Во 40' минута од натпреварот најверојатно поради фрлен неизгаснат отпушок долу под дрвената трибина, во неколку секунди избил страшен пожар а во само неколку минути се случила страшна и незапаметена трагедија.
Пред повеќе од 60.000 гледачи мини градското дерби Вест Хем - Арсенал беше главен натпревар викендов во Премиер лигата. На домаќините им гори опасно под нозе зошто се на место кое ги води во мачната втора лига. На гостите им требаа три бода за да ја досонуваат титулата која ја чекаат од 2004-та година. Како капак на сè Арсенал победи со гол дури во 83' минута а на Вест Хем му беше поништен гол во 90+4' минута поради фаул. Тоа уште повеќе ги разгневи домашните навивачи.