Големиот Халанд ја носи Норвешка во осминафинале!

Репрезентацијата на Норвешка го совлада Брегот на Слонова Коска со 2-1 благодарение на прекрасниот гол на Нуса и погодокот на Халанд. Скандинавците на 5-ти јуни ќе се судрат со големиот Бразил.

Во прилично израмнет натпревар, немаше претерано добар фудбал од стартот, во првиот дел се играше без поголеми шанси на двете страни со по некоја спорадична прилика.

Африканците полека ја преземаа иницијативата и напаѓаа преку крилните напаѓачи Диоманде и Пепе. Токму некогашниот фудбалер на Арсенал имаше можност да го отвори резултатот но Норвежаните лесно се справија.

Се играше прилично додевен фудбал сè до моментот во 39' минута кога Антонио Нуса постигна прекрасен гол, со ремек дело на мал простор:

Веднаш после тоа Ерлинг Халанд имаше прилика да го зголеми водството но неговиот обид беше изблокиран. Во вториот дел во 74' минута ѕвездата на Манчестер Јунајтед Амад Дијало постигна убав гол по двојно додавање со Никлас Пепе за 1-1:

Брегот на Слонова коска од тој момент тргна по пресврт, имаше неколку прекини по кои со нафрлени топки се обидуваше да стигне до водство но на другата страна ги стигна студен туш.

Боб одлично го проигра Берг кој побегна на одбраната и на тацна го послужи Ерлинг Халанд кој млако шутираше но доволно за нова предност на Норвежаните 2-1:

Со овој погодок Халанд стана првиот фудбалер после цели 72 години кој постигнал по најмалку гол на три натпревари по ред на Светско првенстфво.

На крајот тоа беше и резултатот - за пласман на Норвешка во осминафинале каде ќе ги чека Бразил.

36.000 Норвежани го направија фамозното веслање на стадион

30 јуни 2026 - 22:09