Преку 30.000 англиски навивачи во Мајами ја прославија едвај остварената победа 2-1 против Норвешка во продолженија. Џуд Белингем беше двоен стрелец и јунак кој со погодок во продолженијата ги однесе Англичаните понатаму. Сега ги чека Аргентина во среда вечер. До тогаш ќе уживаат и ќе се мајтапат на сметка на „викинзите“ кои веќе здосадија со веслањето цел месец.