Навивачи

Ненормален насилен испад на младински меч во Бразил

Бразил е земја на фудбалот, ама не важи повеќе после клипов. Пресметкава на меч од У-17, од фудбалска станува крвничка. Обрнете внимание што ќе направи една нинџа на аут линија.

Торцида им го запали ударниот транспарент на Бед Блу Бојс среде Максимир

Динамо Загреб со 2-0 го совлада Хајдук Сплит и ја потврди шампионската титула во хрватската лига. „Модрите“ имаат 82 бода и се први, а Хајдук има 64 бода на второ место. На трибините беше поинтересно отколку на терен. Бед Блу Бојс и Торцида се препукуваа со пароли и скандирања, но ситуацијата кулминираше кога гостите го запалија ударниот транспарент на Бојси.

Еден редар поштено си ја работи работата и пак крив

Германски Фрајбург ја има најубавата фудбалска бајка сезонава. Бундеслигашот со 3-1 ја совлада Брага во полуфинале на Лига Европаи после поразот од 2-1 во Португалија, со вкупен резултат 4-3 оди во прво историски финале во клупската историја. Брага уште од 7' минута играше со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Марио Дорхелес. Навивачите влетаа во терен да слават а сите редари се тргнаа освен еден.

Чкембари до ракометарите: Еден ебан денар од ПСЖ наваму не сте заслужиле

На Чкембари им дојде преку дур. Со жестоко соопштение реагираа до Еурофарм Пелистер, кој синоќа во Јане Сандански го положи оружјето несвојствено со 15 гола разлика (34-19).

Навивачите на Легија Варшава се надминаа себе си со кореографијата

„Neverending story" гласи паролата на најновата кореографија на навивачите на Легија. Колку моќно и содржајно. Добро, колку труд и време е потребно за ваква шаренолика навивачка претстава? Страшно добро изгледа. Направете документарец за тоа како се правело ова ремек дело.

Емоцијата кога ќе се израдуваш на финале во ЛШ после 20 години

Бандата на Микел Артета прави големи работи сезонава. На 30 мај на Пушкаш арената во Будимпешта, ќе има можност да го крене првиот пехар во ЛШ, за прв пат во нивното 139 годишно постоење. Ако ги добие сите три кола до крај во Премиер лига, таму ќе патува како шампион, трофеј за кој чека од 2004-та. Клипов во само 40 секунди покажува колкава е радоста во Северен Лондон.

Шампионското кортео за швајцарското чудо по име Тун

Бајката на сезоната во Европа се вика Тун, кој ја слави првата шампионска титула во 128 години постоење. Ваков подвиг во Швајцарија, екипа да влезе од втора во прва лига и уште во првата сезона да освои шампионска титула последен пат се случил пред 74 години. Дел од оваа нејеројатна приказна е и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој заврши како најдобар стрелец на тимот со 13 гола и со 7 асистенции.

Лидс практично обезбеди опстанок, па тераа мајтап со Мајкл Џексон

Новиот привремен, в.д. тренер Барнли се вика Мајкл Џексон и тоа предизвика доста духовити коментари во Англија. Синоќа Лидс Јунајтед со 3-1 го победи Барнли, избега дефинитивно од опасната зона за опстанок и мирно плови до крајот на сезоната во Премиер лига. После мечот на „Еланд Роуд“ на разглас ја пуштија „Смут криминал“ од Мајкл Џексон.

Венеција еуфорично прослави враќање во Серија А

Во 37. коло од италијанската Серија Б, Венеција на една рунда пред крајот осигура место назад во елитната Серија А со ремито 2-2 против Специја. Со овој освоен бод Венеција остана прва со 79 бода односно бод повеќе од Фрозиноне кој е втор и четири повеќе од Монца со што и математички обезбеди Серија А за следната сезона. Клубот од 2027 ќе игра на нов и модерен стадион кој се гради.

Како во Париз се спремаше оригинална кореографија?

Во морето шунд во навивачкиот свет, остана и по некој уникатен оригинал. Четка, платно, боја. Навивачки, изворно, автентично. Без принт, без штампа, без печатење. Навивачите на Пари Сен Жермен кои за спектаклот со Баерн Минхен (5:4) приредија кореографија на која Наполеон ја освојува Европа:

Навивачите на Атлетико направија фешта со тоалетна хартија

Навивачите на Атлетико Мадрид, едни од најжестоките во Шпанија, ја оживеаа традицијата за добредојде со ролни хартии како што е славно на стадионите во Аргентина. Обичајот да се фрлаат конфети и ролни хартија за да се направи прекрасен спектакл станал популарен за време на Светското првенство 1978 во Аргентина а подоцна навивачите ширум светот само го копираа.

Галатасарај одржа тренинг пред 53.153 навивачи

Турците се фанатици за фудбал, тоа го знаеме, ама па до волку? Стадионот го распродале не за натпревар, туку за тренинг. Галатасарај на три гола до крај има +7 пред Фенербахче. Ако во сабота го победат Самсунспор на гости, ќе бидат шампиони четврти пат по ред или 26-ти во историјата.

Клубот што распродаде 105 меча по ред

Ги објавувавме и пак ќе ги објавуваме, затоа што нивната фудбалска приказна е посебна во цел свет. Тоа важи општо за Јужна Америка, ама со акцент на Аргентина. Замислете, Риверт Плејт распродал 105 натпревари во низа со преку 85.000 публика. Вака изгледаше атмосферата на последното Супер Класико против Бока Јуниорс. Страшно нешто.

Кој си го фати негов си е

Фудбалер на Фенербахче се обиде да и даде дресот на жена му. Добар план, катастрофална реализација која елегантно и зад камери, можел да ја реши дома.

Пиро-шоу во Штутгарт

Пред околу 60.000 гледачи Штутгарт на својот прекрасен стадион „МХПАрена“ го пречeка Фрајбург во полуфинале на германскиот Куп. Гостите први поведоа преку Максимилијан Егештејн во 28' минута, а домаќините израмнија преку Дениз Ундав во 70-та минута. Во продолженија Тиаго Томас постигна победнички гол за 2-1 во 119-та минута. Штутгарт ќе игра во финале против Баерн Минхен кој во средата го совлада Леверкузен на гости 0-2.

Најстарата бабичка најгласен навивач на Ривер

Се вика Марта. Позната е во цела Јужна Америка, живее за Ривер Плејт. Навива барабар со сите жестоки момци околу неа.

Јурииииш, одиме во финале после 28 години

Ленс го растури Тулуз со 4:1 во полуфиналето на Купот на Франција. Навивачите се во делириум. Дочекаа финале после 28 години. Противник ќе им биде победникот од дуелот Стразбур - Ница.

Буцко се налути и го скрши пола стадион во Словенија

Екипата на Горица е во голем пад и многу веројатно ќе испадне во трета лига, а некогаш беше стандарден прволигаш во Словенија. Еден навивач на дуелот против Белтинци додека гостите воделе 0-3 решил да искаже незадоволство така што ги кршеше столиците како кегли на куглање.

Бока го совлада Ривер пред најлудата атмосфера на свет

Во најголемото дерби на свет, во Буенос Аирес во Аргентина, Бока го победи Ривер Плејт на гости на „Монументал“ 0-1 со гол од пенал на Леандро Паредес во 45+6' минута. На стадионот скоро 100.000 френетични навивачи и атмосфера која што само таму ја има и никаде на друго место.

Војна со столици во Африка

Полуфиналето на Купот на Конфедерации меѓу УСМ Алжир од Алжир и Олимпик Сафи од Мароко, имаше увертира како во дива лига. Доцнеше 80 минути поради навивачки инциденти во кои не се знае кој јаде, кој пие. Мечот продолжи, а во финале отиде Алжир кој за трофејот ќе се бори со Замалек од Египет. Во игра за шампионот на африканскиот пандан на Лига Европа се 4 милиони евра, двојно повеќе од лани.

Во Буенос Аирес атмосферата на фудбал е надреална

Ривер Плејт, 2024-та. Ова го нема никаде на друго место.

Англиски навивачи со класичен италијански стил среде Италија

Навивачите на Кристал Палас се уникатни поради тоа што први на Островот го сменија стилот на навивање и од класичен англиски стил веќе неколку години се прави тифози. Со знамиња со кореографии, со барјаци, со бакљи, петарди, тапани... Така беше и синоќа во Фиренца каде Кристал Палас и гостуваше на Фиорентина и загуби 2:1 но се пласираше во полуфинале на Конференциска лига.

Култна екипа на Комити среде Франција

Ја имаме навивачката фотографија на денот. Комити во акција во Франција по повод гостувањето на Вардар против Бордо, во првото коло од Купот на УЕФА на 25 септември 1995-та. Јака екипа е ова составена од Манки, Жути, Капар, Мац Црни. Допишете во коментар ако препознаете уште некој.

Навивачките на Баерн Минхен уживаат

Денешниот ден е во знакот на Баерн Минхен кој дури 3 пати губеше и се враќаше против Реал Мадрид. На својата „Алијанц Арена“ Баварците на крај победија 4-3 и после триуфмот и во Шпанија обезбедија полуфинале против ПСЖ. Нивните навивачи уживаат. И навивачки.