Ежење: Вондервол во изведба на англиските навивачи

Англичаните живеат за Светски и Европски првенства. Шампионската титула и пехарот од Светско го сонуваат од 1966-та година. И веруваат дека конечно ќе стигнат до него после 60 години.

Англиските навивачи, околу 16.000 во Далас синоќа ја бодреа репрезентацијата во победата 4:2 против Хрватска. Хари Кејн со капитенска лента го постигна јубилејниот 10. гол на Светски првенства и се израмни со рекордот на Гари Линекер.

Сега на најдобриот центарфор на светот му треба уште само 1 погодок на следните натпревари за да стане прв на вечната листа стрелци на Мундијали од Англија.

Англиските навивачи после мечот во Далас се жалеа и бурно протестираа што организаторите не им давале традиционално да ги закачат англиските знамиња на оградите, затоа што тоа било место предвидено за реклами од спонзорите.

Но после ја прославија победата со играчите и со прекрасната песна Вондервол од Оазис која им е химна:

18 јуни 2026 - 10:21