Навивачи

Паркот на принцовите блесна против Арсенал

Навивачите на ПСЖ се потрудија бајаги за реванш полуфиналето од ЛШ, што не може да се каже за домаќините на првиот дуел.

Жестока тепачка во Сплит меѓу Торцида и Бојси

Во пресрет на најголемото хрватско дерби Хајдук - Динамо Загреб кое се игра попладнево од 16:00 часот, во населбата Пујанка во Сплит избила голема, масовна и договорена тепачка меѓу Торцида Сплит и Бед Блу Бојс. Загрепчаните биле далеку помалку бројни од Торцида а во тепачката не се користело никакво студено оружје, пренесуваат хрватските медиуми. Тамошната полиција соопшти дека се уапсени повеќе од 140 лица а повредени се 8 навивачи од кои двајца потешко. Тепачката избила рано во 9 часот изутрина.

Почина легендарниот Маноло - „Ел бомбо“ кој со својот тапан ја следеше Шпанија насекаде

Најпознатиот шпански навивачи, Мануел Касерес Артесеро, попознат како Маноло „Ел дел Бомбо“, починал во четвртокот на 1-ви мај на 76-годишна возраст. Престанало да чука срцето на човекот кој ритмички и го подаруваше на шпанската фудбалска репрезентација повеќе од 4 децении!

Комити за Кочани

Најверната навивачка група на Вардар низ разни акции успеа да собере 735.200 денари или 12.000 помош за настраданите во Кочани, што е сум за поздрав. На хуманитарниот меч против Црвена Ѕвезда беа во огромна бројка и се заблагодарија на јазиците на сите земји што ни помогнаа за Кочани.

Им пуштиле музика да ги стишат, тие направиле журка

Звучи чудно, но Ред Бул Салцбург веќе пар сезони е далеку од тронот во Австрија. Како доскорешен хегемон во тамошната Бундеслига кој палеше и жареше, РБ Салцбург освои еден куп шампионски титули и трофеи во Купот. Ама сезонава тешко да обезбедат место и во еврокуп што е рамно на чудо. Штурм Грац и Австрија Виена се борат за шампионската титула. Во моментов имаат по 33 бода на прво и второ место а Австрија Виена го добила директниот дуел во неделата.

Ова го нема никаде на друго место во светов

Слушалки имате ли на работа? Никако клиповиве на телефон. Слушалки ви требаат и компјутер. Се играше Суперкласико Ривер - Бока кое заврши 2:1. Порнхаб дечки. Како и на секое дерби.

Ти си ќерко татин син

Татко и ќерка, големи навивачи на славниот Милан, на „Сан Сиро“ во 2011-та и во 2025-та, 14 години подоцна.

Најголемиот колекционер на вардарови шалови

Фотографијата ја изрударивме на една колекционерска страна, а на сопственикот на оваа фантастична колекција му даваме чесен збор дека ќе го частиме пиво ако се огласи. Да не бидеме скромни, нас најубав ни е Лојал Фанс белиот, а вие како сакате.

Традицијата меѓу Столе и Чкембари не умира

Почнаа со колбаси, па продолжија со линекс, а овој пат со маица. Браво.

Ултрас бељаџика на денот

Таа е навивачка на Болтон, а тие на Линколн. Ама овие на Линколн не гледаа баш фудбал.

Кога на Шпанци ќе им се падне гостување на Балкан

Кошаркарите на ПАОК не играат во сала како Ѕвезда и Партизан, кои имаат поддршка како на стадион. Нивната арена собира 8.000 навивачи. Ама како да не им честита човек за атмосферата што ја прават. Ова е лудо. Како во котел. Снимката е од синоќешното финале против Билбао во ФИБА Европа Купот.

Најлудите навивачи во Италија прославија пласман во Серија Б

Ако Југот на Италија се смета за жесток, гласен и немирен, претпоставете какви се навивачите на Авелино кои таму ги сметаат за најнезгодни. Фудбалскиот клуб Авелино после цели 7 години конечно се враќа од трета лига Серија Ц во втора лига Серија Б. Навивачите го прославиле пласманот на градскиот плоштад заедно со играчите. Била голема фешта па некои со право се прашуваат што ли ќе биде ако еден ден се пласираат во Серија А или во еврокупови?!

Комити во елемент, направија кореографија за Кочани и се заблагодарија на повеќе јазици

Навивачите на Вардар направија класа потег на хуманитарниот меч против Црвена Ѕвезда. На почетокот на мечот им оддадоа почит на настраданите во дискотеката Пулс, а на кореографијата напишаа „Благодарам“ на јазиците на сите земји што ни помогнаа за Кочани. Eмотивна и уникатна кореографија на Комити.

Навивач патувал од Колумбија до Мадрид бидејќи верува во пресврт на Реал

Арсенал има капитална предност од 3:0 во четвртфиналната пресметка од ЛШ против Реал Мадрид. Но Реал е Реал и знаеме колку пати се враќал од негатива. Колумбиецот има верба во такво нешто дека може пак да се случи и допатувал специјално во Мадрид за мечот. Летот му бил 10 часа, а кога го прашаа колку го коштало карта за на стадион рече 1.300 евра.

Нередите во Рим кои ги направија тифозите на Лацио

Пар илјади навивачи на Лацио, пред големото римско дерби со Рома во неделата, кај познатото место и мостот Ponte Milvio се судриле со карабинерите. На сите страни летале флаши, каменици и бакљи а италијанската полиција уапсила неколку лица. Дербито Лацио - Рома заврши нерешено 1:1.

97 не е само број за Ливерпул

Во фудбалскиот клуб и градот Ливерпул 15-ти април е ден на сеќавање на страшната трагедија која пред 36 години се случи на стадионот „Хилзборо“ во Шефилд каде трагично настрадаа дури 97 навивачи на црвените. Во стампедо, нереди и потискување загинаа нечии татковци, мајки, браќа, сестри, другари, комшии. Никогаш заборавени, велат од Ливерпул чија делегација денес го посетила спомен обележјето во градот.

Спектакуларни кореографии на тифозите на Лацио и Рома

На 184. римско вечно дерби меѓу Лацио и Рома имаше сè. Предигра на улиците меѓу хулигански подгрупи од двете страни кои се судриле со полицијата во обид да стигнат едни до други. Но на трибините прекрасна слика. Кореографии како од соништата.

Шпанска полицијо, не ви се ова плишани мечиња

Шпанската полиција во навивачкиот свет важи за една од најгрубите во цела Европа. Кој осетил пендрек таму тврди дека таква бруталност како што има од шпански џандар нема никаде. Синоќа во Андалузија фудбалски дуел од Лига Конференции играа Бетис и Јагиелонија. Десетина специјалци под полна опрема и штитови решиле да влезат во гостинскиот сектор и да се иживуваат како што тоа го прават против речиси сите гостински навивачи од Европа кои доаѓаат во Шпанија. Ама подзаборавиле дека внатре има полски навивачи.

Стампедо и загинати деца на меч од Копа Либертадорес во Чиле

Две деца загинале по големи нереди, метеж и стампедо во Сантијаго, главниот град на Чиле каде синоќа требаше да се одигра дуел од Копа Либертадорес меѓу Коло Коло и бразилска Форталеза.

Какво време дојде, навивачите на Арсенал да реметат некого

3:0 е заебан резултат во нокаут фаза од Лига на шампиони, но Реал е Реал и рано им е на Англичаните за славење и исмејување. Сепак има и реванш.

Еве пијам пиво, гледам ЛШ на тв, а истовремено и млатење во живо

Вечерва во ЛШ се среќаваат ПСЖ и Астон Вила. Имаме увертира од двобојот на нивните навивачи кои се сретнаа пред бар. 3.000 гостински навивачи отпатуваа во Париз и покрај тоа што добија 2.000 карти.

Кога се пие, се седи

Навивачка на Баерн Минхен, за време на атрактивниот дуел со Интер во четвртфинале од Лига на шампиони кој Италијанците го добија 1-2, бурно реагирала на настаните на теренот па се направила лом.

Една од најјаките кореографии во историјата на францускиот фудбал

Автори на делото се навивачите на Лион, кога во 2022-ра славеа 35 години од своето постоење. Значи врсници се со Комити.

Чекај, атмосферава е во трета италијанска лига?

Катанија од Сицилија ја паметиме многу добро од Серија А, каде играше во периодот 2006-2013. Потоа банкротираа, но со помогш на странски инвеститор пред четири години повторно застанаа на нозе, а минатата сезона обезбедија промоција од Серија Д во Серија Ц. Ваква публика дефинитивно не заслужува да гледа третолигашки фудбал.