Судир меѓу шпански и англиски навивачи

Полицијата во Лајпциг има полни раце работа изминативе 2-3 дена. Во овој град се играше финалето на Конференциска Лига меѓу Рајо Ваљекано и Кристал Палас кои неочекувано стигнаа до натпреварот за трофеј а на крај победи премиерлигашот со 1-0. Стотици навивачи на двата тима се напаѓале едни со други на повеќе локации низ Лајпциг. Полицијата привела десетина лица. Германската полиција веќе е навикната на вакви хулигански нереди.

27 мај 2026 - 13:13