СОМБРЕРО ВО ОСНОВА Е КОЈА БИЛО ШАПКА НА ШПАНСКИ ЈАЗИК, А ШАПКИ СО ШИРОК ОБОД НОСЕЛЕ ОВЧАРИТЕ ВО МЕКСИКО
„Јужно од границата“ - така може да се преведе името на култната станица за автостопери, авантуристи, туристи и кампери во Јужна Каролина. Соседната држава веднаш до неа е - Северна Каролина.
Ова место се појавило уште во 1949-та година кога претприемачот Алан Шафер отворил мал дуќан за продажба на пиво. Во Јужна Каролина правилата за продажба на алкохол не биле така строги како во Северна Каролина, а трасата 95 била главна на источниот брег. Со тек на време тука се појавиле десетици продавници, сувенирници, мексикански ресторани и многу друго.
За да се привлече вниманието на туристите изградена е кула од 60 метри со огромна бетонска шапка „Сомбреро“. Внатре во кулата има платформа за набљудување со поглед кон полињата и патиштата.

Сомбрерото е дел од ДНК-та на Мексико и многу јужни држави во САД. Со него тесно е поврзана историјата на огромен регион. Формално секоја шапка во тамошното говорно подрачје е сомбреро затоа што зборот во превод од шпански означува „покривало за глава“ (потекнува од зборот sombra што значи сенка).



Познатиот мексикански сомбреро има и европски предок. Во Андалузија уште во Среден век носеле широки шапки за да се заштитат од сонцето за време на големите искачувања по горите. Ги нарекувале Sombrero de clatite а по изглед шпанските потсетувале на широкиот цилиндар на мексиканското сомбреро.

Во време на колонизацијата на Америка, Шпанците на новиот континент донеле коњи, коњска култура и големи шапки. Но мексиканската клима се покажала многу посурова: жар, сонце кое пече и неизмерни пространства.
Затоа покривката за глава ја смениле: ободите станаа пошироки за да даваат поголема сенка а конструкцијата станала покрута и потрајна.
Од XVIII век, сомбреро носеле чаро односно овчарите и земјоделците за да ги заштитат своите глави од немилосрдните сончеви зраци. Од тогаш стилот станал класика иако варијациите стануваа бројни.
Богатите чароси (земјоделци) ги украсувале своите сомбрера со сребрен вез и украси а обичните селани носеле сламени верзии.
СЛИКАТА НА МЕКСИКАНЕЦ КОЈ НОСИ СОМБРЕРО БЕШЕ ПОПУЛАРИЗИРАНА ОД ВЕСТЕРН ФИЛМОВИТЕ, А ВО САД НЕКОИ НОСЕЊЕТО ШАПКА ГО СМЕТАЛЕ ЗА НАВРЕДА
До 1848 цел запад во САД од Канзас до Калифорнија бил дел од Мексико. Чаросите (земјопоседници) се преселиле на празните територии барајќи нова земја за испаша. Областа била населена со мали автохтони индијански племиња, а бескрајните прерии (рамнини) биле населени доста брзо.
Богатите чероси (земјопоседници) поседувале ранчови а вакеросите (земјоделците) ја вршеле најтешката работа. Тие исто така носеле сомбрероси но нивниот изглед бил попрост: работничка облека, минимален декор и обично јавале на коњ.

Откако Мексико ја изгубил војната од САД и изгубил половина од својата територија, сопствениците на ранчови и работниците се вркстувале со новите доселеници од Источен брег. Културата на мексиканските сточари се изменила, а вакеросите на англиски јазик биле наречени каубои.
На почеток изгледале целосно исто: огромни шапки, ласо и стадо говеда во близина. Со текот на времето разликите меѓу мексиканските вакероси и американските каубојви станале многу поголеми.
Сомбрерото постепено било заменето со новата шапка „Главен на рамнината“. Така се викала американската шапка која во 1865-та година ја смислил Џон Стетсон. Таа станала главен симбол на Див Запад. Шапката се покажала идеална за живот на новата територија: на неа исто имале широки ободи, заштита од сонце и дожд но не повеќе за да можат полесно да го мавтаат ласото. Високата круна (горниот дел од шапката) и дозволувала на круната да дише а материјалот бил добар да заштити од дожд.
Со тек на времето каубојците малку ја смениле формата на шапката „Главен на рамнините“.

Во Мексико сè уште се носело сомбрерото иако бил ценет и моделот на Стетсон. Холивуд тогаш решил да исцрта јасна политичка разлика меѓу овие два сродни украси за глава.
Во 1930-те години многу вестерн филмови биле снимани во САД. Филмовите биле црно-бели па јасните и препознатливи слики им помагале на луѓето да сфатат што се случува на екранот. Шапките например биле единствен начин да се направи разлика меѓу своите и туѓинците.
Во филмовите американските каубојци носеле модернизирана верзија на шапката „Господар на рамнините“ додека мексиканските вакероси носеле сомбрера. Шапката асоцирала на овчарите преку границата, а во филмовите сомбрерото честопати намерно се правело поголемо и посветло од неговиот прав еквивалент. Ова ја диктирало и традицијата во реалниот живот: „правите“ шапки постепено се прилагодувале на филмскиот стандард, па така на пример шапката станала карикатуриран симбол на Мексико.

Денес сомбрерото е препознатлив мексикански стереотип во САД. Но против тој стереотип се води голема борба не во Мексико Сити и Гвадалахара, туку во САД зошто за некои Американци тоа е безопасен симбол на Мексико заедно со храната и музиката. За други пак тоа е старо холивудско клише.
Преголемата шапка станала дел од навредливата слика за безгрижен мустаќест човек со гитара, текила и шарено маријачи одело а во позадина кактус.

Во минатото ималло остри дискусии за културната апропријација. Во САД конфликт избил например околу празникот Хелоуин и празникот Синко де Мајо (на 5-ти мај Мексиканците слават историска победа над Франција во 1862). Активистите бараат мексиканското сомбреро да не се користи како мајтап. На некои колеџи дури и им препорачувале на студентите да избегвнуаат да носат шапки, лажни мустаќи и пончо на тематски забави.
МЕКСИКО Е ПРВ СО ТРИ ДОМАЌИНСТВА НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО
Мексиканците досега два пати користеле сомбреро како симбол на маскотите за две Светски првенства. Сега во четврток вечер на стадионот „Ацтека“ во Мексико ќе има и свечено отворање на нов Мундијал.
Во 1968-ма година Мексико бил домаќин на Летни Олимписки игри. Овие Игри се паметат и влегле во историјата благодарение на ефектниот визуал. Организаторите сакале на светот да му покажат нов Мексико, без кактуси и сомбреро. Главен симбол на Игрите станало логото на кое пишувало просто Mexico 68 но во многу препознатлив стил. Црно-белите линии потсеќале на традиционалните орнаменти на древните народи кои живееле на територија на Мексико.

Но веќе за Светското првенство 1970 кога Пеле се прослави со Бразил, Мексиканците се вратиле на својата традиција. Така се појавил Хуанито, малото дете во дрес на репрезентацијата и со сомбреро на глава.
