Идиотите пак кршеа и палеа по Париз, и покрај победата на ПСЖ

Стотици безделници кои на плоштадите и во локалите ширум Париз го следеле големото финале на Лига на шампиони, после победата на ПСЖ против Арсенал на пенали за втора европска титула, повторно демолирале во градот. Скршени излози, превртени возила, многу уапсени, приведени и повредени. Дали победиле дали изгубиле стално демолираат после важни натпревари и градските власти не можат да се справат.

Според податоците на француските медиуми, уапсени биле 416 лица од кои дури 283 во самото централно подрачје на Париз. Повредени биле седум полицајци а еден доживеал тешки повреди во градот Аген.

Минатата година кога ПСЖ за првпат стана европски шампион откако славеше во финалето на Лига на шампиони имаше големи и сериозни нереди во кои животот го загубија две лица меѓу кои и 17-годишно момче.

На улиците во Париз имало распоредено околу 22.000 полицајци но ни такви мерки на безбедност не спречиле избивање нереди кои пак фрлија сенка на еден нов голем историски успех на ПСЖ. 

За денес е закажана шампионска парада на фудбалерите на Пари Сен Жермен со отворен автобус кој ќе мине кај Ајфеловата кула а потоа ќе бидат примени од францускиот претседател Емануел Макрон.

Големото финале се гледало на Елисејските полиња каде имало околу 20.000 луѓе а на стадионот на ПСЖ дошле околу 48.000 лица но таму после финалето избиле големи нереди. 

Спектакл во Будимпешта: ПСЖ ја одбрани европската титула!

Церемонијата на доделување пехар и славјето на ПСЖ

31 мај 2026 - 10:11