Спектакл во Будимпешта: ПСЖ ја одбрани европската титула!

На преубавата „Пушкаш Арена“, една од најмодерните во Европа, вечерва во финалето на Лига на шампиони, Пари Сен Жермен го совлада Арсенал на пенали откако во основниот дел беше 1-1. Парижаните се на тронот на Европа втор пат по ред.

Екипата предводена од феноменалниот Луис Енрике ја оправда благата фаворитска улога и го совлада новиот англиски шампион од Премиер лига Арсенал на пенали.

Се почна совршено за „топџиите“ кои поведоа рано уште во 6' минута со прекрасниот гол на германскиот репрезентативец Каи Хаверц кој распали од непосредна близина по една контра на Арсенал:

Од тој момент францускиот првак ја презеде целосната иницијатива и имаше огромен посед на топка.

Напаѓаа Парижаните со сите сили но Арсенал добро се бранеше, предводен од снажните Салиба и Габриел Магаљаеш. И се одбранија до паузата па на полувреме Лондонци водеа 0-1.

Во вториот дел иста слика од првите 45 минути. Кваратцхелија, Дембеле, Витиња и Дуе се обидуваа да пробијат но гранитната одбрана на Арсенал оддолеваше.

Но во 65' минута десниот бек на англискиот шампион Москера направи бесмислен прекршок откако стартуваше несфатливо над Кваратцхелија и направи пенал.

Го искористи Усман Дембеле кој израмни на 1-1:

До крајот на основните 90 минути двајцата тренери направија измени, ги освежија своите екипи но промена на резултатот немаше.

Конечни 1-1 во основниот дел па продолженија. А таму и двата тима играа внимателно, без залетувања и како да чекаа пеналите да го решат шампионот на Европа.

Во пенал-рулетот кај Арсенал трагирачи беа Езе и Габриел кои промашија пенали. Кај ПСЖ промаши португалскиот лев бек Нуњо Мендеш но на крај промашувањето на бразилскиот стопер од Арсенал го реши победникот.

ПСЖ го одбрани пехарот и европскиот трон. Стана една од ретките екипи која го одбранила трофејот во Лига на шампиони....

30 мај 2026 - 20:13