Церемонијата на доделување пехар и славјето на ПСЖ

Европскиот првак Пари Сен Жермен заслужено го одбрани пехарот во Лига на шампиони освоен минатата сезона, откако вечерва го победи Арсенал на пенали. Во основниот дел беше 1-1 а на пенали „топџиите“ промашија два и изгубија. Капитенот на ПСЖ Бразилецот Маркињос стана еден од ретките капитени кои го кренале пехарот во Лига на шампиони два пати по ред.

ПСЖ стана само трет клуб во историјата кој освоил Лига на шампиони два пати по ред по шампионските генерации на Реал Мадрид (1956/1957 - 1957/1958) и Ајакс (1971/1972 - 1972/1973).

 

30 мај 2026 - 21:46