Големо шампионско славје на Градски, Мечка пак во први редови
Вардар и официјално ја завери и прослави шампионската титула број 12, прва во последниве шест години. Во последното коло само ја потврди доминацијата оваа сезона и ја растури Шкендија со 3:0, на која и се одлепи со 9 бода. Комити славеа на големо и тоа две ноќи по ред. Им се придружија Милан Лазаревски и Гоце Геогриевски.