Навивачи

Калинкари Валандово се во страшен елемент

Страста за навивање во македонскиот третолигашки фудбал ќе ви ја покаже навивачката група Калинкари кои ја бодрат ФК Победа од Валандово. Таа има и додена вредност, бидејќи се потрудиле да направат врвен клип со јака динамика, да мислиш дека е ова е Буенос Аирес. Инаку атмосферата е автентична: Гајби пиво пред кооперација, па во гепек, тапани, кладилница, лудо навивање. Одлични се. Повод е дербито против ФК Ударник Пирава.

Во Аргентина не фрлаат плишани мечиња, фрлаат разголени кукли

Росарио Сентрал игра одлично на почеток на сезоната во Аргентина и е трет на табела после 10 кола со 18 освоени бода. Синоќа победија 2-1 против Банфилд а домашните навивачи на терен фрлале кукли во дресови на нивниот најголем и најомразен ривал Њуелс Олд Бојс од кого имаат 22 победи повеќе во меѓусебните дуели.

Пирава да ви покаже нешто на вас „големите“

Терени по УЕФА стандарди, ВАР системи, донации во нови столчиња, најсовремени прскалици за хибридни тревници. Џабе сè на прволигашките терени кога публика нема ни за лек. Празни стадиони. Видете колку народ имало на третолигашкото дерби ФК Ударник Пирава против Победа Валандово

Навивачите на Кајзерслаутерн имаа хит кореографија

Некогашниот стандарден бундеслигаш и учесник во еврокупови Кајзерслаутерн со години не може да го направи клучниот чекор и да се пласира во Бундеслига. Сега во втората лига се 7-ми после 26 кола, имаат 40 бода и заостануваат неколку бода зад местата за доигрување за пласман. Во неделата го совладаа Карлсруе 3-0 а нивните навивачи на трибината зад голот имаа супер интересна кореографија.

Бисти за двајцата навивачи на Осогово кои загинаа во Пулс

Пред натпреварот меѓу Осогово и Големо Коњари на стадионот „Никола Мантов“ беа откриени бисти на Томас Златков и Александар Стојанов, верни навивачи на Осогово, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред една година.

Кој е овде попијан?

Од гостување на двајца навивачи на Астон Вила, кои не веруваме деба биле на гостувањето (на стадион), освен ако снимката е после мечот.

Шишај брату, тепавме 5 по ред

Оној јадниот навивач на Манчестер Јунајтед рече дека нема намера да се шиша додека неговите не добијат 5 меча по ред. Во Бодо Глимт немаат таков проблем. Сезонава таму е забавата. Норвежаните врзаа таква серија и тоа во ЛШ против екипи кои се викаат Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, два пати Интер, па Спортинг. Навивач на Бодо му удри провокација на Англичанецот, кој вошки ќе фати уште малце. 526 дена не бил на бербер.

Осимен трогнат од кореографијата на навивачите на Галатасарај

Една кореографија се издвои ова коло и општо сезонава во Лига на шампиони со едноставна, но многу силна порака. Ја спремија навивачите на Галатасарај, а ја посветија на Виктор Осимен, кој плачеше кога ја виде за време на химната. Паролата гласи „Ние сме фамилија, а фамилијата е сè“, а на фотографијата е токму Нигериецот со својата фамилија, како и со мајка му, која е почината одамна.

Водиме 4:1, време е за гурманлук

Знае царот како да спои две задоволства: храна и фудбал. И ние би играле вака. Уште кригла пиво и на коњ е.

Лудо славје на Комити и вардарци среде Германија

Вардар го растури бундеслигашот Мелсунген со 34:25, а тоа значи прва позиција во групата и директен пласман во Европската лига, каде ќе се сретне со подобриот од плејоф дуелот меѓу Монпелје и Елверум. Градот Касел виде како Македонците ги слават ракометните победи.

Шведски навивачки пејзаж

Шведскиот фудбал веќе си изгради свој имиџ на трибините, брагодарение на прекрасните кореографии на навивачките групи кои се трудат да го извадат најдоброто од себе. Оваа компилација е само од 2025-та.

Како да влезеш скришно на стадионот на Аталанта?

Следен пат нека го стават клучот под чергиче, никој нема да го најде.

Хулигани во Германија му исклучија ВАР од кабел на судијата

За време на натпреварот меѓу Минстер и Херта Берлин во германската втора лига, пред крајот на првиот дел главниот судија Феликс Бикел тргнал кон ВАР мониторот да провери дали имало пенал по прекршокот на играчот на Минстер Нико Кулис над фудбалерот на Херта Михаел Косанс. Но додека гледал екранот наеднаш станал црн. Двајца маскирани навивачи дотрчале до мониторот и го извадиле кабелот од штекер.

Хаос на дербито Ренџерс - Селтик

Откако во првенство пред една недела Ренџерс водеше 2-0 а Селтик до крајот израмни на 2-2 и спаси голем бод, во неделата овие два омразени ривали повторно се сретнаа на „Ајброкс“ во Глазгов овојпат во Купот на Шкотска. Избија нереди на терен. Селтик помина на пенали.

Нов добар англиски хумор

Кристал Палас со 1-3 го совлада градскиот ривал Тотенхем на гости и му ја продолжи катастрофалната серија. Спарс се на само 1 бод од опасната зона и опасно им се заканува испаѓање во втора лига. Гостинските навивачи на Кристал Палас им пееле: „Sit down if you’re going down“ („Седни ако испаѓаш“).

Роди ме мајко со ксмет да не навивам за Тотенхем

Тотенхем - Кристал Палас 1:3 и тоа е веќе 14-ти пораз сезонава за лондонскиот тим кој е на само 1 бод до зоната за испаѓање. Погледнете го очајот на навивачите во 30 секунди.

Моќно видео снимено од автобусот на Барселона

Во пресрет на реванш полуфиналето од Купот на Шпанија, Барселона го пречекува Атлетико Мадрид со катастрофален пораз од првиот дуел од 4:0 и речиси сигурна елиминација. Навивачите пак им приредуваат ваков пречек на играчите.

И они гледаат фудбал

Прекарот на Брајтон е „галеби“ и галебиве упорно слетуваат на стадион во оригинална форма.

Алжирски дерби фронт со ракети на терен

Мароко, Алжир и Тунис, земјите од Северна Африка имаат фантастични атмосфери на фудбал, ама тамошниот врел темперамент некогаш ги преминува границите. Синоќа на големото дерби во четвртфинале на Купот на Алжир ЦР Белуздад во продолженија го победил МЦ Алжер со 3-2. На теренот било пеколно!

Навивач на Лацио го издресирал кучето да лае против Лотито

Само што ќе му го чуе презимето почнува да лае.

Навивачи и филхармонија?

Убава спојка направиле навивачите на германски Штутгарт кој игра одлична сезона и веројатно пак ќе игра во Лига на шампиони следна сезона.

Лацијалите со брутална порака до Трамп за Лотито

Навивачите на Лацио вријат и веќе неколку натпревари протестираат и не одат на стадион, изреволтирани од политиката на Клаудио Лотито кој од Лацио направи просечен клуб. Во Рим е забележан многу провокативен графит до претседателот на САД, кој се однесува на претседателот на Лацио.

Симпатичен дијалог на англиски навивачи за бакљи

Турскиот гигант Фенербахче синоќа го победи на гости англискиот премиерлигаш Нотингем Форест со 1-2 но поради поразот 0-3 дома во Истанбул испадна пред 1/8 финале на Лига Европа. Околу 2.000 турски навивачи правеле хаос во гостинскиот сектор а поради фрлени бакљи во терен судијата го прекина мечот на кратко уште во 2' минута. Фенербахче го чека казна од УЕФА за ова, а домашните навивачи се чудеа зошто не виделе факел на англиски стадион.

Другар ти за Реал си или за Лацио?

Нацистички поздрав фатен на камера меѓу навивачите на Реал Мадрид на мечот против Бенфика во ЛШ, нетипично за трибините на Бернабеу.