Торцида им го запали ударниот транспарент на Бед Блу Бојс среде Максимир

Динамо Загреб со 2-0 го совлада Хајдук Сплит и ја потврди шампионската титула во хрватската лига. „Модрите“ имаат 82 бода и се први, а Хајдук има 64 бода на второ место. На трибините беше поинтересно отколку на терен. Бед Блу Бојс и Торцида се препукуваа со пароли и скандирања, но ситуацијата кулминираше кога гостите го запалија ударниот транспарент на Бојси.

Во исто време додека гореше ударното знаме на Бед Блу Бојс, Торцида извади три пароли:

„Последното дерби го задимивте, затоа сега горите. Имате пак ебен материјал за галерија“, „Гори БББаја“, „Додека вие палите факели, ние го палиме Максимир“.

 (Foto: Damir Krajac/Cropix)

 (Foto: Damir Krajac/Cropix)

10 мај 2026 - 08:52