На стадиончето со капацитет од 5.000 гледачи во моментот на прославата на пласманот во погорна лига имало околу 11.000 гледачи.
Во обид да избегаат и да се спасат, а некои и што биле проголтани од страшните пламени и стампедото, загинале 56 лица на лице место а најмалку 265 биле повредени од кои повеќето со тешки изгореници.
Цела следна сезона 1985/1986 Брадфорд домашните натпревари ги играл на стадионот на Лидс Јунајтед „Еланд Роуд“, на стадионот на Хадерсфилд Таун „Лидс Роуд“ и на стадионот „Одсал“ сè додека главната трибина на нивниот стадион „Валеј Парејд“ не бил изградена од ново.
Новата трибина имала 5.000 седишта, била подолга од претходната и далеку поцврста. На 14-ти декември 1986-та, точно 582 дена после пожарот биле отворени ново изградени трибини на истото место.
Брадфорд во моментов е во третата англиска Лига, на четврот место со исто бодови (77) како и третопласираниот па ќе игра во доигрување за пласман во Чемпионшип.
