Бајката на сезоната во Европа се вика Тун, кој ја слави првата шампионска титула во 128 години постоење. Ваков подвиг во Швајцарија, екипа да влезе од втора во прва лига и уште во првата сезона да освои шампионска титула последен пат се случил пред 74 години. Дел од оваа нејеројатна приказна е и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој заврши како најдобар стрелец на тимот со 13 гола и со 7 асистенции.