Тун благодарение на поразот на второпласираниот Сент Глаен од Сион (0:2), и математички го осигура првото место на крајот на сезоната и освои шампионска титула.
На титулата ѝ се радуваше и македонскиот репрезентативец Елмин Растодер кој е најзаслужен за шампионскиот пехар затоа што е најдобар стрелец на екипата со 13 гола и со 7 асистенции сезонава во првенството.
Интересно Тун само ден претходно го претрпе и вториот пораз по ред во доигрувањето за титулата (од Базел 3-1), но веќе собра доволен број бодови па на крајот само чекаше и официјално да ја освои титулата.
Тун е клуб од Берн Оберланд и ова им е прва шампионска титула и воопшто прв освоен трофеј во 128-годишната историја на клубот.
Досега два пати стигнале до финале на Купот на Швајцарија и двете ги изгубиле а во 2005-та биле на второ место во швајцарската Супер лига и обезбедија прв историски пласман во Лига на шампиони.
Fairytale moment!!🤯
— Thatotaboy (@Thatotaboy) May 3, 2026
FC Thun, recently promoted to the top flight, clinch the Swiss Super League title and claim the club's first major trophy in their 128-year history. pic.twitter.com/z2Jal3WLrC
Ваков подвиг во Швајцарија, екипа да влезе од втора во прва лига и уште во првата сезона во најдобро друштво да освои шампионска титула последен пат се случил во далечната 1952-ра година кога Грасхоперс направил чудо.
Интересно шампионската титула на Тун е неверојатен подвиг ако се знае дека екипата по вредност е на претпоследно место на табела а пред почетокот на сезоната единствена цел им била да опстанат во лигата.
Thun został mistrzem Szwajcarii pierwszy raz w swojej 128- letniej historii.
— BuckarooBanzai (@Buckarobanza) May 3, 2026
Rok temu wygrali drugą ligę (!) a dziś świętują najważniejszy tytuł w kraju.
To pierwszy taki przypadek w europejskiej piłce od 1998 roku pic.twitter.com/svDy9WAspj
Но како што одминуваше сезоната, Тун се најде на првото место со одлични резултати и тука седеше без проблем цела сезона. Одиграа сјајна сезона и во оснониот дел имаа дури 12 победи на 13 натпревари.
Колку да се долови огромното чудо на Тун, треба да се напомене необичната приказна на Шпанецот Хенис Монтолио кој пред крајот на својата кариера нашол „спас“ во Швајцарија, односно избегал од шпанската трета лига каде заработувал помеѓу 1.000 и 2.000 евра.
Сега е шампион на Швајцарија и ќе игра во борба за пласман во Лига на шампиони!