Ќе има ли медиумско политичка фама за свирењето на македонската химна на Градски?

Миленко ја утна ептен што објави видео на кое шампионите на Македонија пејат вулгарно против една од најславните македонски пејачки. Но, што правиме сега со свирењето на македонската химна во финале на македонски Куп? Ќе се правиме на будали?

Кам бекот на ФК Вардар на шампионскиот пиадестал после шест мачни години во битка со огромна криза, долгови до гуша, менување структури, чудни и матни игри, штрајкови, пресови, неизвеснот, а згора на сè и пласман во втора лига, отиде во втор план.

За тоа се виновни самите. „Дирлада“ на групата Меморија, од која препев на свој начин имаат направено Комити и Чкембари за да се пецкаат меѓусебно, овој пат ја запеаја фудбалерите на Вардар.

Тие непотребно го променија рефренот, а нивниот директор направи многу несмасен потег и видеото го објави на социјалните мрежи. Се извини со нив кикс. Навреди друга жена, овој пат од политичката сцена и место да го изгаси огнот, тој пак го запали.

Се извини и Гоце Седлоски во име на сите играчи на Вардар и така всушност ја почна денешната прес-конференција како селектор на Македонија во очи на двете пријателски против БиХ и Турција.

И што се случи потоа?

Реакција на ФФМ и Министерство за спорт со право, но пази ова и на политичките партии, кои од што немаат попаметна работа, решија своите здодевни пресови да ги пополнат со „спортска тема“. Отров шеми со години.

Тука фудбалската тензија не заврши. Од првенството се префрли во Купот. Или поточно од Вардар на Шкендија. Но, ја виде ли некој онаа тензија на вториве? Или повторно ќе преовладува глувонемоста пред разумот и објективноста?

Фудбалерите на Шкендија синоќа се правеа „на Тошо“ кога требаше да се качат на бина за да ги примат медалите како поразени, а нивните навивачи го уништија амбиентот на финалето.

И не им е прв пат, а ниту последен со оглед на нивниот безобразлук. Тие што треба да ги сопрат и превоспитаат, им даваат слобода, сила и поддршка. Удрете силно, никој ништо не ни може. Се работи за анимозитет, односно тоа нивното има друго име и се вика ОМРАЗА кон сè што е македонско. Да не се правиме будали.

Шкендија како клуб не ја ни есапи лигата за македонска, истата таа преку која игра фудбал дома и во странство. На прославата на титулата го криеше логото на кое пишува Прва македонска лига. 

Чуму тетовци? Зошто ви смета Македонија? Па тони пари се фрлија во државава за реклами, дека треба да се гради соживот? Оставете го ривалството и пцуењето на навивачките групи, тоа го има насекаде во светот.

Ама клубот е институција која треба да биде за пример. Да обединува, да промовира здрави спортски навики, да повикува на фер и достоинствена игра и однесување. Како ќе дојдете вие до тоа ниво, ако го мразите знамето под кое сезонава испишавте историја на меѓународна сцена.

Вашите навивачи на и онака празниот Градски и се измочаа на македонската химна во финале на Куп на Македонија? Пазете, македонската химна е исвиркана во финале на македонски Куп. Имало ли воопшто друг ваков пример во светот?

Глупаво ни е да прашаме дали Шкендија како клуб ќе реагира на тоа? А институциите ќе се разбудат ли? Ќе има ли вечерва на вести реакции на политичките партии? Ќе го препознаат ли медиумите грдиот гест на Балистите и ќе викнат ли гости за да дебатираат за сквернавењето на химната?

Ако продолжат двојните аршини, на следниот евентуален испад на фудбалерите или навивачите на Вардар или било кој друг клуб или навивачи, да ќутите сите и да не се занимавате со спортски теми кога ќе ви прдне. Селективноста и необјективноста се зло.

Да потсетиме што сè има поминато молчешкум, па и да помогнеме со беграунд, ако некој се сети да се позанимава со темата за оние кои 25 години подоцна, уште се дразнат со скандирање УЧК, УЧК, а за Газета дело Спорт велат дека први би рипнале во војна против оние сè им дадоа и дозволија.

Навивачите на Шкендија го допреа дното, со свирежи и скандирања ја прекинаа минутата молк за Кочани

Тие и не знаат да скандираат нешто попаметно

Пак да им давате државни пари

Министерство за култура им дава пари, а тие плукаат по Македонија

Балистите не можеа да скандираат „УЧК, УЧК“. Штета.

„Први сме за помош ако ОВК повика“

Филип Нацоски

21 мај 2026 - 14:10