Милан еден период беше лидер сезонава во Серија А и делуваше дека имаат амбиции за титулата, која на крај сепак се славеше во Милано, но во таборот на градскиот ривал.
Едерсон, Ѕапакоста и Распадори го замолчија стадионот со 3 парчиња до 54 минута, момент по кој несвојствено толку рано за еден натпревар, ултрасите од Курва Суд ја празнеа трибината.
Нивната кореографија гласеше "G.F. OUT", алудирајќи на првиот човек на клубот Џорџо Фурлани, а потоа протестираа и против играчите поради бледата партија против Аталанта која заврши со пораз од 2:3. За на крајот да си заминат и да продолжат со скандирања надвор.

Милан падна кога најмалку требаше, а тоа најдобро го покажуваат бројките. Во изминативе 17 кола или практично во вториот дел од сезоната имаат постигнато само 18 гола.
На последните 12 меча имаат 6 порази. Загубија од Интер, Лацио, Наполи и Удинезе, а на последните три средби не постигнаа гол. Пред поразите со Аталанта и Сасуоло од кои примија вкупно 5 гола, одиграа без голови со Јуве.

Сега битката за Лига на шампиони е пеколно жешка. Во игра се пет екипи за три места: Наполи, Јувентус, Милан, Рома, па и Комо. Разликата од вториот до шестиот изнесува 5 бода.
Incredible scenes at the San Siro as thousands of Milan fans leave before the hour mark 😲
— CBS Sports Golazo (@cbssportsgolazo-m.bsky.social) May 10, 2026 at 10:10 PM
[image or embed]