Големо вардарово славје - фудбалерите и ракометарите заеднички ќе слават титула!

ФК Вардар изминатиов викенд со победа 0-1 во Струга и дефинитивно ја освои шампионската титула. Црвено-црните го вратија пехарот после шест години. Во недела јагодка на тортата ќе биде дербито со најголемиот ривал Шкендија од Тетово на „Градски стадион“ во недела од 18 часот.

Навивачите на Вардар, во согласност со ракометниот и фудбалскиот клуб најавуваат голема и масовна прослава на шампионските трофеи. Во недела после дуелот, во Градски парк на популарната „Школка“ ќе се одржи славјето на титулите во 20:00 часот.

Најавена е свирка во живо, неколку бендови, штандови за храна, пијалаци и многу црвено-црна забава.

На навивачите на Вардар им се погоди токму рптови големиот ривал Шкендија во недела да ја одржат шампионската прослава. Меѓу овие два клуба и покрај ривалитетот, се очекува меѓусебно уважување а зошто не и шпалир од гостинските фудбалери, по примерот од најголемите европски лиги.

Комитите веќе најавија средба, јавен состанок на кој ќе се прецизираат сите детали околу прославата, шампионскиот коридор низ Скопје и финалната забава во Градски парк.

18 мај 2026 - 13:11