За Бразилците Светското е војна

Барем така пејат илјадници Бразилци допатувани во Филаделфија каде вечерва по наше време после полноќ во 2:30 ќе играат против дебитантот Хаити. Кариоките во прво коло одиграа само 1-1 против Мароко и сега се под морање. Со победа и три бода ќе се пласираат во следна фаза. Во 3. коло против Шкотска ќе играат во Мајами, градот со најголема бразилска заедница во цел САД. Замислете што ќе биде таму.

Copa do Mundo è guerra! или во превод Светско првенство е војна!