Таг: СП2026

Афоризми, гатанки и филозофија: Мудриот филозоф кој ја исфрли Германија

„Нивните фудбалери доаѓаат од најдобрите топ академии во Европа. Нашите деца играат боси на земја, нивните родители се жртвуваат за нив за да ги однесат на тренинг. Денес на терен излегоа 26 војници а се вратија 26 легенди“, ова беа зборовите на селекторот на Парагвај Густаво Алфаро по историската победа на пенали над Германија.

Аргентина барала од САД да забрани влез за 13.000 мажи кои не плаќале алиментација

Од Аргентина стигнува необична вест за чудно барање упатено до Соединетите Американски држави уште пред почетокот на Светското првенство во оваа земја, во Канада и Мексико од 11-ти јуни до 19-ти јули.

За Бразилците Светското е војна

Барем така пејат илјадници Бразилци допатувани во Филаделфија каде вечерва по наше време после полноќ во 2:30 ќе играат против дебитантот Хаити. Кариоките во прво коло одиграа само 1-1 против Мароко и сега се под морање. Со победа и три бода ќе се пласираат во следна фаза. Во 3. коло против Шкотска ќе играат во Мајами, градот со најголема бразилска заедница во цел САД. Замислете што ќе биде таму.

Кој е 40-годишниот голман на Зеленортски Острови кој се прослави против Шпанија и Јамал

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.