Кој е 40-годишниот голман на Зеленортски Острови кој се прослави против Шпанија и Јамал

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.

Шпанија со најголемите ѕвезди во состав не успеа да го совлада голманот на Зеленортски острови. 40-годишниот Возиња имаше дури 7 чисти одбрани со паради и заслужено беше прогласен за играч на натпреварот.

 

ЗАНИМЛИВОСТИ ЗА ЧУДЕСНИОТ ГОЛМАН

Возиња наполнил 40 години неодамна, на 3-ти јуни. Сега брани за португалскиот клуб Шавес, просечна екипа во португалската втора лига.

Голманот кој се прослави против Ламин Јамал, Нико Вилијамс и страшните Шпанци имал широка географија во кариерата: играл во Ангола, Молдавија, Словачка, Португалија и на Кипар. Освоил досега само еден трофеј (Куп на Кипар) но има богато искуство од меѓународни турнири (играл на 4 Купа на Африка).

Возиња се сметал за најдобар голман на островот Зеленортски острови но поради нискиот раст големите клубови не обратиле внимание на него. Но на 16-17 години израснал до 190 сантиметри.

СЕ ВИКА ЖОЗИМАР: ВО ЧЕСТ НА БРАЗИЛСКИОТ ФУДБАЛЕР КОЈ ИГРАЛ НА СВЕТСКОТО ВО МЕКСИКО

Првично татко му сакал да го нарече синот во чест на Хорхе Валдано - аргентинскиот волшебник кој освои Светско првенство со Аргентина но такво име властите на Зеленортски острови не сакале да му регистрираат. Втората варијанта била поприфатлива: Жозимар - бразилскиот легендарен фудбалер кој играше исто на Светско првенство 1998 во Мексико.

Бразилски O Globo пишува дека Жозимар првично не бил планиран за составот на Бразил но место му се ослободило откако фудбалерот Ренато Гаучо се скарал со селекторот Теле Сантана и бил исфрлен од репрезентацијата. Неговиот соиграч и другар Леандро во знак на солидарност исто ја напуштил репрезентацијата на Бразил.

На тоа Светско Жозимар дошол како резервен играч но влегол во третото коло од групна фаза и постигнал гол против Северна Ирска а потоа во осминафинале дал гол и против Полска и станал херој на нацијата. Бразилците изгубија во четвртфинале против Франција на пенали а Жозимар се нашол во тимот на Светското.

Сега во групната фаза на Мундијалот 2026 голманот Возиња и Зеленортски острови играат во Атланта, во Мајами и Хјустон. Интересно, ако се пласираат понатаму како победник од групата А, 16/финале ќе играат во Мексико, таму каде што играше и Жозимар иако во друг град (Бразилецот настапил во Гвадалахара а Возиња би можел да брани во главниот град на Мексико).

После натпреварот Возиња бил поздравен и од легендарниот шпански голман Пепе Реина кој се воодушевил од неговите одбрани против Шпанија.

КАКО СЕ ПОЈАВИЛ ПРЕКАРОТ „БАБИИЧКА“?

Имено токму тоа во превод значи Возиња како што се вика голманот на Зеленортски острови.

Пред пар години тој во интервју за ФИФА раскажал: „Никогаш не живеев со родителтие. Кога се родив, татко ми служеше, а мајка ми одеше на работа редовно. Растев со баба и дедо.

Во својот крај играв со постари деца. Добро играв со нозе, бев бунотвен, не сакав да губам. Често ме тепаа и ако не им враќав, си одев заплакан а тие ми се смееа и викаа 'оди жали се кај баба и дедо“.

На почеток прво го нервирал прекарот „Возиња“. Но со развојот на кариерата не можел да се избави од него и му останало.

Еднаш кога отишол да игра во Ангола, во екипата имало уште еден голман по име Жозимар. „Тогаш реков: Не може вака, на дресот нема да ми стои Жозимар II. И ако ме знаат во Зеленортски острови како Возиња, таков ќе бидам и тука“.

МИЛИОНИ СЛЕДБЕНИЦИ ЗА ЕДЕН ДЕН - СЕГА Е НАЈПОЗНАТ ЧОВЕК ОД ЗЕЛЕНОРТСКИ ОСТРОВИ

На друштвените мрежи Возиња го следеле околу стотина илјади луѓе но за време на дуелот против Шпанија, стручњаци од бразилскиот тв канал Caze TV ги повикале гледачите да го заследат голманот и на крај после натпреварот имал околу 400.000 следбеници.

Сега има 5,1 милион!

Една новинарка од Бразил за време на интервјуто на португалски му ја покажала оваа бројка а тој се зачудил!

16 јуни 2026 - 09:15