Таг: #СП2026 #светскопрвенство2026 #Светско2026 #Мундијал2026

Во Узбекистан се гледа Светско и на свадба

Репрезентацијата на Узбекистан игра на своето прво Светско првенство во историјата откако успеа да се пласира преку азиските квалификации. На нивниот прв натпревар го дадоа и првиот гол на Светските првенства. Изгубија убедливо 3-1 од Колумбија но оставија добар впечаток. А во нивната земја фудбалот се гледа на секој чекор.

Зошто на Светско првенство сите фудбалери играат во розеви копачки?

Од првиот ден на Мундијалот 2026 некои гледачи се запрашаа зошто сите фудбалери играат во розеви копачки? Што е работата?

Мексиканците спектакуларно ја прославија победата над Јужна Кореа

Во дербито на групата А, очекувано имаше тврд дуел меѓу Мексико и Јужна Кореа. Славеа домаќините на стадионот во Гвадалахара пред повеќе од 45.000 гледачи. Стрелец на победничкиот гол за Мексиканците беше Луис Ромо после катастрофална грешка на корејскиот голман, а победата се славела до доцна во ноќта на главниот плоштад „Ангел на независноста“.

Е ова е Светско

Навивачи на Шпанија и Зеленортски острови најбратски си ги разменуваат дресовите после нивниот натпревар во Атланта кој заврши 0-0.

Кој е 40-годишниот голман на Зеленортски Острови кој се прослави против Шпанија и Јамал

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.

Кореецот во мексиканска толпа

Веќе ги имаме првите јаки видеа од Светското првенство во Мексико. Домаќините имаат фина, пријателска дружба со Корејците на кои им скандираат: ¡Coreano, hermano, ya eres mexicano! или во превод „Кореец, брате, ти си Мексиканец“. Заедно пијат текила, а еден уживаше во толпата: