Погледнете ја репрезентацијата на Мексико:

Или на Канада, каде 9/11 носат розеви копачки?

Исто и во репрезентацијата на САД - сите освен Кристијан Пулишиќ носат розеви копачки:

Во составот на Бразил 24 од 26 играчи во целата експедиција имаат розеви копачки:

Во Германија 11/11
ШТО Е РАБОТАТА?
Пред Светското првенство, најголемите, основни брендови ја претставија новата колекција копачки за Мундијалот.
1. Nike - модел Breakout Pack
2. adidas - Road to Glory Pack

3. Puma - Showtime Pack

4. New Balance - Pure Ambition Pack

5. Skechers - Sunset Pack

Можно е да се претпостави дека брендовите се договарале однапред и дека е ова заеднички договор, а и самите компании тврдат дека едноставно прателе исти насоки, иста методологија.
1. Побарувачка за појарки бои
Шефот на производство во Nike, Одинга Нимако раскажал за тоа во интервју за часописот Атлетик:
„Спортистите и муштериите веруваат дека јарките светли бои им даваат самодоверба. Розевата е една од тие бои. Треба да бидете навистина кул за да ја носите. Тоа беше наша почетна точка“, рекол тој.
Од New Balance имаат ист став. Роб Шелтон, шефот на производство од овој бренд вели:
„Розевата е дел од поширок концепт, спортистите да бидат поенергични, повидливи, со поголема самодоверба. Нашите дизајнери го комбинираат погледите на спортистите со глобалните светски трендови“.
2. Прогнози на модните аналитичари:
Според аналитичарите на модата процесот на создавање нови копачки трае околу две години а почнал уште во 2024-та година за ова Светско првенство.
Тогаш на модните стручњаци им било советувано да се фокусираат на розевата боја.
На пример аналитичката компанија WGSN била уверена дека „електричната фуксија“ ќе стане една од клучните бои во годината на Светско првенство.
Тоа го потврдуваат и медиумите кои следат мода. На пример во 2025-та имало неколку текстови каде стои дека „светло розево-виолетовата боја со неонски ефект“ ќе биде клучен спортски изглед за пролет лето 2026.

3. Добар контраст со теренот
Не се работи само за трендови и мода - фуксијата со неонска светло-розева боја има и практична полза.
Розевата боја совршено се сложува со зелената површина за телевизијата, а овие копачки подобро се истакнуваат од другите на теренот.
„Розевата боја им помага на фудбалерите да се истакнат на зелениот тревник. Неважно е дали сте на трибини или гледате пренос. Ставивме акцент на визуелен впечаток“, вели Одинга Нимако од Најк.
4. На Светско нема репрезентација со розеви дресови
Во овие бои обично бранат голманите, на пример оние на Мексико и Хрватска. Се испоставило дека розевите копачки не се совпаѓаат со ниту едни дресови на 48 репрезентации и секогаш се контрастни.
КОЈ СЕ ПОБУНИЛ ПРОТИВ ТРЕНДОТ ЗАЕДНО СО МЕСИ?

Лиоенл Меси и Кристијано Роналдо се надевале дека ќе ги заобиколи виолетовото лудило. Па имало дури и теорија на заговор: розевиот бум на Светско бил намерно смислен за да ги носат двете најголеми светски фудбалски легенди.
Но Лионел Меси носи небесно-сино-бели копачки од адидас, модел El Último Tango („Последното танго“).

Кристијано Роналдо носи модел Mercurial Vapor Superfly 1 CR7 од Најк

Но Португалецот на мечот против ДР Конго (1:1) играше во розеви копачки. Можно е дека датумот на промоција на златниот модел бил подоцна во однос на првиот дуел на Португалија на Светското.
А розов модел не носи ниту Кристијан Пулишиќ, главниот играч на репрезентацијата на САД. За него Пума направила прекрасен модел со американските ѕвезди од државното знаме.
