Таг: Светско првенство 2026

Ибрахимовиќ за Бразил - Норвешка

Норвешка го забележа можеби најголемиот триумф во поновата фудбалска историја откако синоќа со 2-1 го елиминираше кандидатот за завршница Бразил. Кариоките не импресионираа никого, играа просечен фудбал и не покажаа ништо од нивното некогашно волшебство. Норвешка ги надигра во сите сегменти, тврди и Златан.

Зошто Анчелоти го избрал Бруно Гимараеш а не Винисиус за пеналџија?

Зошто не Винисиус туку Бруно Гимараеш го шутираше пеналот кој Бразил го доби во 14' минута после гледање ВАР, еден новинар го прашал Анчелоти после тешкиот пораз 1:2 од Норвешка кој ги исфрли кариоките од Светско.

Парагваецот кој славел со кучето

Кучето е најдобар другар на човекот. Кучето знае да гледа и фудбал со својот газда, како што овој Парагваец ја славел историската победа на пенали над Германија со својот миленик.

Афоризми, гатанки и филозофија: Мудриот филозоф кој ја исфрли Германија

„Нивните фудбалери доаѓаат од најдобрите топ академии во Европа. Нашите деца играат боси на земја, нивните родители се жртвуваат за нив за да ги однесат на тренинг. Денес на терен излегоа 26 војници а се вратија 26 легенди“, ова беа зборовите на селекторот на Парагвај Густаво Алфаро по историската победа на пенали над Германија.

91-годишен аргентински новинар го покрива 18-то Светско првенство

Легендарниот аргентински коментатор Енрике Макаја Маркез е светски рекордер по бројот на коментирани натпревари од Светски првенства. Макаја сега го пренесува 18-от Мундијал во својата богата кариера. Тој ја памети славната шампионска титула со Марадона и онаа последната во 2022-ра со Лионел Меси. Од Аргентина добил плакета и признание за неверојатниот подвиг а многу големи ѕвезди се фотографираат со легендарниот Макаја.

40 години од двата најпознати гола на сите времиња

Во четвртфинале на Светско првенство 1986-та, на стадионот „Ацтека“ во Мексико каде и денес се играат натпревари од Мундијалот 2026, пред 40 години на денешен ден 22-ри јуни Диего Марадона ги даде двата најпознати гола во историјата на фудбалот. 

Аргентина барала од САД да забрани влез за 13.000 мажи кои не плаќале алиментација

Од Аргентина стигнува необична вест за чудно барање упатено до Соединетите Американски држави уште пред почетокот на Светското првенство во оваа земја, во Канада и Мексико од 11-ти јуни до 19-ти јули.

Турски коментатор на месецот

Репрезентацијата на Турција е најголемо разочарување на целото Светско првенство 2026. Дојдоа со високи амбиции, со генерација која ја споредуваа со онаа која освои трето место на Светско првенство 2002, но на крај изгубија 2 натпревари и испаднаа од борбите за пласман во следна фаза. Изгубија од Австралија 2-0 и од Парагвај кој играше цело второ полувреме со играч помалку 1-0. Турскиот коментатор Гокхан Динч револтиран урлал во студио.

За Бразилците Светското е војна

Барем така пејат илјадници Бразилци допатувани во Филаделфија каде вечерва по наше време после полноќ во 2:30 ќе играат против дебитантот Хаити. Кариоките во прво коло одиграа само 1-1 против Мароко и сега се под морање. Со победа и три бода ќе се пласираат во следна фаза. Во 3. коло против Шкотска ќе играат во Мајами, градот со најголема бразилска заедница во цел САД. Замислете што ќе биде таму.

Зошто на Светско првенство сите фудбалери играат во розеви копачки?

Од првиот ден на Мундијалот 2026 некои гледачи се запрашаа зошто сите фудбалери играат во розеви копачки? Што е работата?

Е ова е Светско

Навивачи на Шпанија и Зеленортски острови најбратски си ги разменуваат дресовите после нивниот натпревар во Атланта кој заврши 0-0.

Кој е 40-годишниот голман на Зеленортски Острови кој се прослави против Шпанија и Јамал

Со 4 нерешени во еден ист ден што е практично реткост за натпревари од Светско првентство заврши синоќешната програма на Мундијалот. Најголемо изненадување беше ремито без голови меѓу европскиот шампион Шпанија и дебитантот кој првпат игра на Светско - Зеленортски острови.