„Бразил не ме убеди уште од првиот натпревар на ова првенство. Овој пат делуваше како Норвешка да го игра препознатливиот „жога бонито“ додека Бразил не личеше на себе. „Викинзите“ целосно заслужено поминаа понатаму, а Халанд продолжува да потврдува зошто е еден од најдобрите напаѓачи на светот. Реков уште на почетокот на турнирот дека ќе биде еден од играчите кои треба да се следат и за сега не одигра ниеден натпревар без постигнат гол.
Искрено, право задоволство е да се гледа оваа репрезентација (Норвешка). Да се победи Бразил на вака важен натпревар е резултат кој долго ќе се памети во Норвешка. Играат со голема самодоверба, преземаат иницијатива и диктираат ритам против речиси секој противник. Нивната енергија, дисциплина и борбеност оставаат силен впечаток, а начинот на кој го надиграа Бразил навистина беше импресивен“, вели Ибрахимовиќ за Норвешка.