Алфаро е златен рудник на мудри, впечатливи цитати. Одамна е познат како „Филозофот“ или „Професорот“ а на неговите прес-конференции доаѓаат луѓе само за да слушнат некоја анегдота или афоризам.
Аргентинецот на 22 години го напуштил школото поради фудбалот но подоцна сфатил дека треба да му се посвети на читањето. Омилени му се делата на Ернест Хемингвеј, Оскар Вајлд, Хорхе Луис Борхес и други големи писатели.
Токму мотивационите говори пред натпреварите и помагаат на екипата да се инспирира.
Најголем успех на клупско ниво имал со аргентински Арсенал Саранди со кого освоил шампионска титула, Куп и Суперкуп на Аргентина а освоил и Копа Судамерикана (аналог на Лига Европа.
На 56 години беше тренер на Бока Хуниорс и тоа му беше врвот во клупската кариера. На првата прес-конференција се обратил со зборовите од познатиот писател Борхес за склоноста на човекот кон преувеличување.
Со Бока освои шампионска титула но го критикуваа за претеран одбранбен стил и досаден фудбал. Тој на критиките одговарал со мислите на легендарниот НБА тренер Пит Рајло: „Ако сакам напаѓачка екипа, прво треба да работам на неа, тоа е дисциплина во одбраната зошто во спротивно ќе ми летне газот во воздух“.
За кратката работа во Бока тој рекол: „Бока нема чистилиште, овде е или рај или пекол“.
Интересно до својот прв Мундијал како селектор, Алфаро четири Светски првенства ги работел како стручен коментатор на колумбискиот канал Caracol. Се сетил како еднаш во 2006-та година кога се играл натпреварот Германија - Колумбија, посакал да биде селектор на репрезентација. „Тогаш го видов светот кој го сакав. Така ми се роди желбата“.
Го одведе Еквадор на Светско првенство после тешките и напорни јужноамерикански квалификации за Катар 2022.
Пред Светското првенство за пријателска средба го викнал напаѓачот од еквадорска втора лига Кевин Родригез. На смеа на нвоинарите одговорил со цитат од Алберт Ајнштајн: „Претераните очекувања се сериски убиец на надежите. Јас побарав од играчите да ги заменат со приврзаност кон работата“.
Кевин Родригез сега игра во белгиски Ројал Јунион и настапува на своето второ Светско првенство.
На Мундијалот во Катар 2022 Еквадорците имаа половичен успех: го победија домаќинот на отворањето, одиграа нерешено со Холандија и во голема борба со Сенегал во решавачкиот меч во групата изгубија.
Меѓу двата Мундијали (2022 и 2026) Алфаро работеше кратко како селектор на Костарика. Интересно Копа Америка 2024 ја почна со нерешен резултат без голови против големиот Бразил. После овој натпревар изјавил: „Ние сме како Брус Вилис во 'Шесто сетило'. Само тој знаел дека е мртов. Ние исто бевме мртви за сите уште до почетокот“.
Потоа стана селектор на Парагвај. Го победи Бразил па рече: „Сретнав едно дрво и го исчистив од пајаци. Тогаш ги видовме плодовите на кои може да се насладуваме“.
Парагвајците ги почнаа квалификациите со 5 бода и ниту еден постигнат гол на шест меча! Имаа победа над скромната Боливија а со Алфаро на клупата подоцна донесоа нерешено од Уругвај и го победија Бразил. Тоа беше прва победа над Бразилците уште од 2008-ма во регуларно време.
После два месеци со празни раце од Асунцион и Парагвај си замина и Аргентина. Пред овој натпревар селекторот на црвено-белите ги споредил светските шампиони со влага - така метафорички ја објаснил важноста играчите да бидат будни во секој момент зошто Аргентинците ќе го искористат секој слаб момент.
До крајот на квалификациите изгубија само 1 натпревар од Бразил 1:0 на гости но тогаш веќе беа пласирани на Светско првенство.
Алфаро често е на удар на критики во земјите во кои работи. Пример пред Светското првенство 2026 тој добил жестоки критики и навреди од легендарниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт кој изведуваше слободни удари. Голманот дури и го нарекол селекторот „шарлатан кој не заслужува да биде пречекан на црвен тепих“.
Алфаро му одговорил пристојно и културно: „Може да дојде во репрезентацијата како што тоа го направија Роке Санта Круз и Нелсон Валдез, кои им поделија совет на напаѓачите. Вратата во репрезентацијата е отворена за секого, а тој (Чилаверт) може да дојде да поразговара со голманите“.
Тежината на патот до Светско првенство ја споредил со искачување на најтешкиот врв со тежина од 16 години неуспех. „Како по една вреќа цемент да носевме на грбот за секое пропуштено Светско“.
Но тој е и доста стручен. Пред патот во САД на страна анегдотите, открил дека има план за развој на парагвајскиот фудбал.
„Работата не е во резултати или во парите, проблемот е во иднината на пет-десет години однапред. На Парагвај му треба долгорочен процес кој не секогаш ќе донесе добри резултати. Јас овде гледам многу краткорочно размислување.
Спремив отчет и го пратив во секој клуб но на малкумина им беше интересно тоа. Тренерите во просек водат помалку од 20% од натпреварите зошто никој не го доработува договорот до крај. Не е добро кога така брзо се прескокнува од една должност на друга.
Смената на поколенија ме затекна веќе и во втора репрезентација. Кога почнав да викам играчи, не најдов никој на врвот од кариерата на 24-27 години. Беа или сосема млади или пред крајот од кариерата. Ако на Светско 2030 не игра ниту еден од денешните фудбалери, тогаш нашата работа е залудна“.
После воведниот пораз од САД 4:1 на отворање на Светското сите го оптишаа Парагвај. Селекторот Алфаро тогаш изјави: „Стрелајте во селекторот а не во играчите. Јас нема да бидам тука а ним им следи и натаму да ја бранат честа на Парагвај“.
По дебаклот од САД, Парагвај ја совлада Турција со 1:0 иако од 32' минута играа со играч помалку, а сега ја совладаа и големата Германија на пенали по 1:1 во оснновното време.