Аргентинските власти побарале од САД да спуштат рампа за 13.000 аргентински машки државјани.
И тоа не било кои мажи туку оние за кои е утврдено дека избегнуваат да им плаќаат алиментација на партнерките, на поранешните сопруги со кои добиле деца во брачни или вонбрачни врски.
Според логиката: ако имате пари за авионски пари, сместување и карти за Светско во САД тогаш не може да се правдате дека немате пари за алиментација според законски обврски.
Аргентина на САД и доставила список од 13.000 „спорни“ татковци и барала да им се забрани влез во САД и присуство на натпреварите од Светското.
„Оние кои нема да исполнат таква фундаментална одговорност како што е хранење деца, мора да се соочат со последици. Ако не ги обезбедат своите деца, нема да им биде дозволен влез на стадионите“, рекол Хорхе Макри, градоначалникот на Буенос Аирес.
За сега не е познато дали строгите власти во САД го прифатиле ова барање и дали се држат до забраните.
Притоа американскиот Стејт департменд објави дека ќе почне да им одзема пасоши на луѓето кои должат 100.000 долари или повеќе за издржување деца. Без оглед кој пол е „грешникот“.
***********************************************************************
Сега во Далас се ори песна за Диего и Лео
Копакабана се префрли во Мајами, Бразилците прават шоу на плажа